09.08.2012, 09:23 Македонија во зелена фаза
Со најавеното намалување на температурите, Македонија влегува во т.нap. зелена фаза
Од денеска, кога се очекува намалување на температурите, целата територија на државата ќе биде во т.н. нулта, односно зелена фаза. Според метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, и за наредните денови се најавува намалување на високите температури карактеристични за овој период од годината.
Како што соопшти Министерството за здравство, Комисијата и другите надлежни служби за намалување на ризиците од високите температури дневно ја следат состојбата. Комисијата по потреба предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија граѓани.
- И натаму граѓаните имаат можност да добијат информации од превентивен карактер за заштита на своето здравје на мобилните едукативно-здравствени пунктови, поставени од Министерството за здравство и Здравствен Дом-Скопје. На територијата на град Скопје се поставени три мобилни пунктови, од кои еден се наоѓа на пешачката патека кај реката Вардар, а по два мобилни се распоредени во сите скопски општини. Акцијата ќе трае до 15. август. Секој ден од 19 до 22 часот граѓаните имаат можност да измерат крвен притисок и да добијат здравствен совет од медицинските лица на овие пунктови, потсетува Министерството за здравство. |