Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
09.08.2012, 16:16

Конзервација на локалитетот Стибера

Стибера бил антички град со околу 20 илјади жители и својот процут го имал од третиот век пред нашата до третиот век од нашата ера

По повеќе години, првпат се врши обемна конзервација на археолошкиот локалитет Стибера кај селото Чепигово, Прилепско. За таа цел Министерството за култура одобри 2,5 милиони денари.

Според советникот-конзерватор Кире Јованоски, Министерството за култура ги одобрило сите пари кои ги побарал Прилепскиот завод и музеј за обемните зафати.

- Се конзервира или се зачувува се` што се ископуваше минатите три години во Стибера. Се конзервира гимназионот, култните објекти, а во моментов се работи на римските бедеми, објаснува Јованоски.

Стибера бил антички град со околу 20 илјади жители и својот процут го имал од третиот век пред нашата до третиот век од нашата ера. Стибера е најпознатото наоѓалиште на овие простори на мермерни статуи во природна големина. Според археолозите, досега се пронајдени 30-тина статуи, од кои дел се во Музејот на Македонија.

Конзерваторските работи во Стибера почнаа во јуни и ќе траат до октомври. Целта е локалитетот да се зачува, но и да биде што е можно поавтентично претставен пред туристите и посетителите.


Статијата е прочитана 554 пати.

Испрати коментар



„Балкански музички плоштад“ денеска и утре во Охрид
(ИНТЕРВЈУ) Детскиот театар е важен за формирање на публиката
Грчка изложба и концерт на „Хармосини“ на „Бит фест“
Во Битола почнува АКТО 7
Гигантските ѕвезди не се мистерија
И „Охридско лето“ го слави Стриндберг
Камерниот хор „Св. Климент Охридски“ вечерва во црквата Света Софија
Првата дама на Северна Кореја фотографирана со луксузна чанта на Диор
(ИНТЕРВЈУ) „Охридско лето“ широко ги прима различните естетики
Во Охрид 11. издание на музичкиот фестивал „Balkan Music Square“
Кабаре-чалгија на „Старовски“ на „Охридско лето“
„Анаморфозис“ - нов албум со кларинетистот Васко Дуковски
Успешен настап на Василевски на фестивалот на поезијата во Сет
Ако ве заморуваат фотографиите на бебиња на Фејсбук - заменете ги со фотографии на животни
Виолинистот Никита Борисо-Глебски вечерва на „Охридско лето“
Мерилин Монро - се’ уште легенда
Концертот на ��Перпетум Џезиле“ прекрасен роденденски подарок за „Охридско лето“
Златен медал за филмот „Неуспешен лет“ во Србија
„Перпетум Џезиле“ за роденденот на „Охридско лето“
Патувачко кино на МакеДокс
(ИНТЕРВЈУ) Имаме профилирана публика која го чувствува блузот
На Антартикот некогаш се наоѓале прашуми
Хрватското дуо „2Cellos“ вечерва во Охрид
„Свадбата на Дорќол“ на Томислав Османли во српското списание „Улазница“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Делумно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 13.ден
По тринаесеттиот натпреварувачки ден 80. држави имаат освоено медали...
Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |