08.08.2012, 09:39 Приврзаници на „Златна зора“ нападнаа полициско возило во кое имало имало имигрант
Hад 20 приврзаници на ултрадесничарската грчка партија „Златна зора“ нападнаа во близина на Атина полициско возило во кое имало Пакистанец обвинет за обид за убиство на 15-годишно девојче од Грција.
Ултрадесничарите вчера упаднале на траектот откако тој се вкотвил во пристаниште во близина на Атина и набрзо се судриле со полицијата откако возилото со осомничениот 20-годишен Пакистанец го напуштил фериботот.
И грчката полиција и „Златна зора“ потврдија дека во пристаништето дошло до инцидент, но и оти никој, во таа прилика, не е уапсен.
Против Пакистанецот е покренато обвинение за напад врз 15-годишното девојче минатиот месец на островот Парос и нанесување повреди по главата, опасни по живот.
„Златна зора“ на парламентарните избори во јуни освои речиси седум отсто од гласовите. |