Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.08.2012, 14:03

Грант од холандската Влада за реконструкција на родилиштата

Со осум милиони долари ќе се реконструираат родилиштата и ќе се зајакнуваат патронажната служба и здравствените центри за имунизација

Со грант од осум милиони долари обезбеден од холандската Влада ќе се реконструираат родилиштата во Македонија и ќе се зајакнуваат патронажната здравствена служба и здравствените центри за имунизација.

Планирано е проектот за воспоставување интегриран систем за подобрување на заштитата на здравјето на мајката и детето познат уште како ОРИО проект да се реализира во две фази. Првата фаза ќе трае шест месеци кога ќе се направи детална анализа на сите породилишта, патронажни служби и центри за имунизација, а во втората фаза, која ќе трае 2,5 година, предвидена е неговата имплементација.

Со имплементацијата се очекува целосно реновирање и опремување на сите породилишта во државата, набавка на 75 теренски возила за патронажната служба и центрите за имунизација, обновување на опремата за чување и транспорт на вакцини и набавка на медицинска опрема за патронажните центри и центрите за имунизација.

Договорот за реализација на проектот денеска го потпишаа министерот за здравство Никола Тодоров и холандската амбасадорка Мариет Шурман.

- Сигурен сум дека со помош на ОРИО проектот ќе ја подобриме состојбата во сите родилишта во Република Македонија, но и состојбата со имунизацијата и патронажните служби затоа што со развојот на патронажната служба практично ставаме фокус на превентивата со која се подобрува квалитетот на здравствената заштита и квалитетот на живот, што претставува и зголемување на животниот век на населението, истакна министерот Тодоров.

Холандската амбасадорка изрази надеж дека со реализацијата на овој проект ќе се подобри заштитата на мајките и децата и ќе се намали стапката на смртност. - Најважниот резултат е намалување на стапката на смртност на мајки и деца кои умираат во текот на породувањето со што Македонија ќе се приближи кон европскиот просек, рече Шурман.

Во Македонија смртноста на бебиња е блиску до европскиот просек и во 2011 година изнесуваше 7,6 умрени на 1.000 живородени деца. Изминатата година нема податоци од болниците за матерална смрт.


Статијата е прочитана 595 пати.

Испрати коментар



„Дискретна помош“ од ЕЦБ за Грција
Се' уште активни неколку пожари во Македонија
Намалена градежната активност во странство
(ФОТО) И Питу Гули дојава во Жена парк
Арбен Џафери во критична состојба
Италијанските семејства живеат од своите заштеди
Македонски телеком и натаму лидер на пазарот
АЕК распиша тендери за 4G и за избор на дигитален оператор
Скулптура на Тоше Проески поставена на „Мостот на уметноста“
Партнерите во грчката влада не можат да се договорат за мерките за штедење
Се урна дел од Кинескиот ѕид
Шест активни пожари во Македонија
Македонија во зелена фаза
Пожарот кај ОКТА изгаснат, активни уште четири
Крај на набљудуваната независност на Косово според планот
Пожар во близина на рафинеријата ОКТА
Јорданскиот крал стравува од распад на Сирија
Се бара консултант за пругата Бељаковци - Крива Паланка
Во комбе-канцеларии ќе се аплицира за субвенции
Тројца нови членови во македонската група во Конгресот на САД
Cе формира национално тело за справување со компјутерски инциденти
Пирана уловена во реката Марица
Одбележани 11 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
Загина параглајдерист од Виница
„Убиениот“ руски генерал се сретна со новинари во Москва
Бесплатни прегледи за дијабетичари во Систина офталмологија
Сириски бунтовници тврдат дека убиле руски генерал
Единаесет години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
Локализиран пожарот кај аеродромот Стенковец
Во Македонија и денеска тропски температури
Приврзаници на „Златна зора“ нападнаа полициско возило во кое имало имало имигрант
Над 1,5 милиони Кинези евакуирани пред налетот на тајфунот Хајкуј
Пет активни пожари во Македонија
Издадени 24 решенија за забрана за работа
Гори депонијата во Тетово
Сарчиево повторно со Гинисов рекорд
Економската состојба на фирмите понеповолна од лани
Шкотскиот парламент нема право да свика референдум за независност
Две третини од граѓаните не и' веруваат на Владата
(Обновено) Активни неколку пожари во Македонија
Црногорските хотели стануваат „геј-френдли“
Трошоците за живот пониски за 0,9 отсто
„Повардарие“ почна да го доплаќа ланското грозје
(ФОТО) Положени венци пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001
Се влошува ситуацијата во Алепо
Пожари во скопските села Света Петка и Брест
Сарчиево подготвено за Гинисовото гравче
Потребна е политичка волја за решение на името
Неуспешно лансирање на два сателити од Бајконур
Да се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот
Македонија во портокалова фаза
Напаѓачот од Милвоки е поранешен војник во американската армија
Во јуни намалени откупот и продажбата на земјоделските производи
(ФОТО) Mинистерот за одбрана и началникот на ГШ на изложбата на АРМ
Прекината потрагата по удавеното момче во „Мавровица“
Првпат интервентна кардиологија во Битола



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...
Три златни медали за Американците на атлетските натпревари
Американците синоќа на атлетските натпревари на три од четирите финални дисциплини освоија златни медали...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 12.ден
По дванаесеттиот натпреварувачки ден 76. држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |