08.08.2012, 10:55 Пирсон на 100 метри со пречки победи со нов олимписки рекорд
Австралијката на 100 метри со пречки победи со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди
На единствената женска дисциплина одржана синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Лондон на 100 метри со пречки победи Сали Пирсон од Австралија со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди. Пирсон е актуелна светска шампионка и успеа зад себе ги остави Американките кои се пласираа од втората до четвртата позиција. Среброто го освои Доун Харпер, а бронзата Кајли Велс, додека без медал остана Лоло Џонс.
Во скок височина кај мажите дури пет атлетичари со медали. Златниот му припадна на Иван Ухов од Русија со скок од 2.38 метри, а среброто го освои Американецот Ерик Кинрад со скокнати 2.33. Поради истата серија и прескокнати 2.29 метри, организаторот подели три бронзени медали за: Мутаз Ерса Баршим од Катар, Дерек Друин од Канада и Роберт Грабарз од Велика Британија.
Дискот најдалеку го фрли Германецот Роберт Хартинг – 68.27 метри, само 9 сантиметри помалку имаше Ехсан Хадиди од Иран, а Герд Кантер од Естонија имаше фрлање за 24 сантиметри помалку од победникот.
На трката од 1.500 метри победи Тауфик Махлуфи од Тунис, пред Американецот Леонел Манзано и Абдалати Игуидер од Мароко. |