08.08.2012, 09:27 Над 1,5 милиони Кинези евакуирани пред налетот на тајфунот Хајкуј
Над 1,5 милиони лица се евакуирани денеска во источниот дел на Кина пред налетот на тајфунот Хајкуј, кој е проследен со силни ветрови и поројни дождови.
Во текот на ноќта тајфунот веќе ги погоди крајбрежните делови на Кина, оставајќи без електрична енергија над 400.000 домаќинства и предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот.
Поради силниот ветер беа откажани стотици летови од аеродормите во тој дел на Кина, запрено е движењето на некои од возовите со големи брзини, а беше воведена и забрана за движење по некој од главните автопатишта.
Обилните дождови предизвикаа и поплави во реонот на градот Нинбо, каде неколку стотици лица останаа отсечени од светот.
Хајкуј е третиот тајфун што ја погоди Кина во последниве шест дена, откако од петокот до понеделникот централните и североисточните делови на земјата се најдоа на удар на тајфуните Саола и Дамреј, при што загинаа 25 лица, а неколкумина други се` уште се водат како исчезнати. |