Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
03.08.2012, 16:11

СДСМ манипулира и врши притисок, струјата меѓу најевтините во ЈИЕ

РКЕ во целост ги отфрла обвинувањата на СДСМ и за овој политички притисок ќе се обрати до релевантните меѓународни тела од областа на енергетиката

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија енергично и во целост ги отфрла обвинувањата на СДСМ во однос на цената на струјата и потенцира дека во својата работа се раководи од Законот, меѓународните правила и обврски и од водење сметка за најдобрите интереси на Република Македонија.

- Нашите одлуки обезбедуваат почитување на Европските директиви и на намалување на вкупните трошоци во Републиката, што е битно за економијата. И со овие одлуки со кои ги прифаќаме обврските преземени со меѓународни акти, Република Македонија има повторно втора најниска цена на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа и е една од ретките држави во кои постои евтина тарифа, стои во денешното соопштение од РКЕ.

РКЕ за овој политички притисок кој го врши СДСМ, стои во соопштението, ќе се обрати до релевантните меѓународни тела од областа на енергетиката.

- Република Македонија е единствена земја во регионот во која што постоеше евтина тарифа во текот на денот. Единствено во Република Македонија се до 31 јули 2012 година се применуваше евтина тарифа во текот на денот. Во сите држави кои што произлегоа од поранешна Југославија, евтината тарифа во текот на денот е укината, а во некои од нив (Србија и Хрватска) е укината и во недела. Сите овие земји го сторија тоа заради намалување на вкупните трошоци на своите електроенергетски системи, се појаснува во соопштението од РКЕ.

Комисијата уште еднаш потенцира дека цената на електрична енергија за домаќинствата во Република Македонија е речиси најниска во регионот, како и во Европа. Словенија, Грција, Албанија, Хрватска, Турција, Романија, Бугарија и Црна Гора имаат поскапа струја од Македонија.

Како пример за времетраењето на евтината тарифа во земјите од поранешна Југославија се посочени Србија, Хрватска, Грција и Бугарија каде што воопшто нема евтина тарифа, додека Македонија и Црна Гора имаат во недела.

РКЕ своите одлуки ги образложува со потпишување на Договорот за основање енергетска заедница, како и обврските што произлегуваат од Законот за енергетика, врз основа на кои Комисијата е должна да ги донесе сите подзаконски акти кои се битни за натамошната целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, а особено да реализира тарифна реформа. Од овие причини, се посочува, Регулаторната комисија за енергетика на 30 јули оваа година донесе методологија за пресметка на цените на пресметковните елементи по кои производителот на електрична енергија ја испорачува на снабдувачот на електрична енергија за тарифни потрошувачи и снабдувачот во краен случај со електрична енергија, тарифни системи за пренос на електрична енергија, за нејзина дистрибуција, како и Правилник за цени за снабдувачот во краен случај, потоа се донесени и тарифни системи за изменување и дополнување на тарифен систем за продажба на електрична енергија на тарифни потрошувачи и за изменување и дополнување на тарифен систем за продажба на електрична енергија на тарифни потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ – Скопје.

Единствена причина за укинувањето на евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 16 секој ден, освен недела, подвлекува РКЕ, е да се намалат трошоците за увоз на електрична енергија. Во Република Македонија електричната енергија се увезува во текот на денот по цена која што е повисока за 50 проценти од ноќната енергија. Од друга страна, АД ЕЛЕМ располага со вишоци на електрична енергија во ноќните часови, кои што доколку не се преземат од потрошувачите создаваат дополнителни трошоци на АД ЕЛЕМ од 8 до 10 проценти, заради потиснување на термоелектраните Битола и Осломеј. Со оваа мерка, се вели, се испраќа сигнал до потрошувачите на електрична енергија дел од својата потрошувачка на електрична енергија во текот на денот да ја префрлат во ноќните часови, по 22 часот. На овој начин, укажуваат, ќе се намалат трошоците за увоз на електрична енергија во дневниот период и до максимум ќе се искористат домашните производни капацитети, со намалени трошоци од 8 до 10 проценти, поради што ќе се намали и цената на електрична енергија на крајните потрошувачи, вклучувајќи ги домаќинства.

Во периодот од септември 2009 година до јуни 2011 година, со финансиска поддршка на Европската Комисија, РКЕ реализираше проект за институционално зајакнување, кој што беше во најголем дел фокусиран на тарифните реформи во електроенергетскиот сектор. Една од најбитните препораки на реномираните меѓународни консултанти, се подвлекува во соопштението, беше укинување на евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 16 часот за секој ден поради непотребно создавање дополнителни трошоци кои што ја зголемуваат цената на електрична енергија.


Статијата е прочитана 1368 пати.

Испрати коментар



Бројот на жртвите од поплавите во Северна Кореја се искачи на 169
Hови две илјади оперативни вработувања
Утре топлотен бран од жолта фаза во Македонија
Локализирани пожарите низ Македонија
Франција бара контрола на увозот на јужнокорејски возила во ЕУ
Локализирани пожарите во Велес, Гевгелија и Куманово
Време е Македонија да побара признавање во ОН под уставното име
Генералното собрание на ОН усвои Резолуција за Сирија
Нов топлотен бран
Русија демантира дека нејзини бродови се упатиле кон Сирија
Руски воени бродови се упатија кон Сирија
Младенов - Да ги оставиме политичките толкувања на историјата во минатото
Обама за роденденски подарок ја посака Флорида
Регулаторната комисија да ги повлече правилникот и новите тарифници за струјата и парното
Oд утре нов топлотен бран
Иран се согласи на нови преговори за нуклеарната програма
(Обновено) Досиеjата на лустрираните објавени на Интернет
Вознемиреноста на Атина поради минатото
Пожарот кај велешко Карабуниште се` уште активен
Анан се повлекува од функцијата меѓународен посредник за Сирија
Сообраќајот во Дебар Маало од денеска еднонасочен
Cончево и топло
Пожарот на Cкопска Црна Гора ставен под контрола
Хоџај - Косово и Македонија имаат добри односи
„Прогрес“ се спои со Меѓународната вселенска станица
Сириските бунтовници извршуваат јавни ликвидации врз приврзаниците на Асад
Во Шпанија уапсени тројца припадници на Ал Каеда
Иванов - Сложни и единствени може да создадеме европска Македонија
Тинејџер со нож уби осум лица во Кина
Пожар во атарот на село Виниче
(ФОТО) Реформите и развојот продолжуваат
Светите преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј ќе бидат впишани во списокот на светиите
Да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна приказна
„Јужен тек“ и гасификацијата ќе обезбедат енергетска сигурност на Македонија
Изгаснати се сите пожари во Македонија
ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
Конститутивна седница на Советот на јавни обвинители
НАТО треба да остане во Авганистан се додека не си ја заврши работата
НБРМ ja намали прогнозата за растотот на БДП годинава
Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Илинден
Сириските христијани бегаат ��д земјата стравувајќи од Mуслиманското братство
Во Прилеп отворен Институтот за композитни материјали и роботика
Владата со мерки за состојбата со пожарите
Дo МВР доставен фоторобот на терористoт од Бургас
Струјата поскапа за 9,83 проценти, парното од 3,75 до 3,88 проценти
Двајца српски војници загинаа на Копаоник
(ФОТО) ХЕЦ „Света Петка“ од денеска во функција
Честитка од претседателот Иванов по повод Илинден
Пожарот во Ресен се шири кон Пелистер, во Валандово активен, но под контрола
Пратениците од денеска на годишен одмор
Воспоставено снабдувањето со струја во Индија
Втори август неработен ден за сите граѓани
Променливо облачно со локален пороен дожд
НАТО останува во Авганистан и по 2014 година
Конгресмен од Њу Џерси се приклучи на македонската група во Конгресот
Активни пожари на Кожуф и во Конче
Намален бројот на работниците во индустријата
Кичевчанка си ја убила двомесечната ќерка
ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ
Грција банкротира уште во март годинава
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон



recenzent, 03.08.2012 16:30:04
Колку глупо објаснување , исто (или бетер) било и во други земји а СДСМ го приватизирал ЕСМ пред избори !! 1.СДСМ потоа падна од власт !! Така ли се осеќа и ВМРО-ДПМНЕ ? 2.Што ми е гајле за другите земји, за таа одлука во тие земји некој сноси одговорност. Кај нас сноси одговорност нашата влада. 3.За споменици сеуште има пари, а ? Не самите споменици туку нивниот огромен број е најглупото нешто што владата го прави, престанете веднаш или ќе немате ич гласачи, веќе е стварно доста !! 4.Глупото објаснување го дале во врска со струјата. А за парното ? Камо објаснување ? Некој добил “муфте“ акции во Топлификација А.Д. ?? 5.Вие Курир, морате да дадете простор на вашата веб страна да може да се коментира. Или пак објавувајте ги овие работи на ФБ, наместо најтазе вестите за Ким Кардашијан.
Ната, 03.08.2012 17:03:54
Исто така имаме и најниски плати дури и со лажната просечна плата.
Трпе, 03.08.2012 17:24:30
Заклучокот треба да биде дека во РМ има најспособна и најпаметна влада и избрани функционери од владата а народот е за никаде.Затоа овој нарот треба да се приспособи дење да спие кога владата работи а тој трета смена ноќе да работи ако сака да заштеди некој денар.Во текстот треба да биде дадена и табела како во другите земји се движи цената на електричната енергија.Дали се плака и ангажирана моќност од 33%.Не треба да се изостави дека во другите земји имат и гас па домакинствата за готвење и греење го користат овој енергенс.Ние немаме енергетски капацитети ,мора да увезуваме струја а имаме доста барок и бронза.
george mitev, 03.08.2012 17:58:01
po 20 set godini nemozhat daja izbrishat petokrakata oshte li nemat ni stram kako vo pshaportite pa vie nemate stram.
D.V., 03.08.2012 18:18:59
Ovo objasnuvanje mi lici kako koga deteto ke ni dojde od skolo i ke ni kaze deka dobilo 3ka po matematika, ama Petre dobil 2ka... Nas ne ne interesira dali nekoja druga zemja ima poskapâ struja od nas! Nam ni e mnogu vazno, sto nie ne mozeme da si ja platime niti strujata niti vodata, niti telefonot, a ne ke imame niti za hrana do krajot na esec...Se razbira, ako sme voopsto vo raboten odnos i ako mozeme da ocekuvame plata..
НЕВЕН ГНЕВЕН, 03.08.2012 19:07:32
Која Регулаторна комисија? Какви применувања на Европски директиви? Нас ни диригира некој однадвор и како ученичинаќе си слушаме. Ами платите и пензиите во Европа се мизерни како нашите? Да не е просекот како вашата плата полтрони едни?Немате никаква методологија , ни стратегија ни тарифен систем но сето е по наредба. Вие не знаете да мислите со свои глави, друг мисли за вас. А зошто не кажувате дека во Србија има 3 - ТРИ категории на цени? Или не ви одговара?Ајде направете ги сите бенефиции што ги даваат во Србија и формирајте ја цената. Волови.
anti-patriot, 03.08.2012 19:37:33
po debilno objasnuvanje ne sum procital vo zivotot. vakva igra so standardot i zivotot na graganite i toa so tolkava lesnotija napraveno ne sum cul deka imalo vo bilo koja zemja,ne li e vreme gragastvoto da gi zema rabotite vo svoi race,sto poskoro toa podobro,kakva regulatorrna komisija ,kakvo evn,kakva vlada,zar taka lesno tie da manipuliraat so nasite zivoti,javno baram podrska od graganite za manifestacija na graganska neposlusnot,protest i pa makar i nasilno menuvanje na odlukata na taa regulatorna komisija,narode ke bvide prewkasno ako se ceka
zvonko, 03.08.2012 20:00:08
zalno kakvo objasnuvanje davate gospodo, samo za struja li ke raboti ovoj narod? evtinata tarifa pretezno ja kuristea penzionerite i so toa dokazavte zaedno so vladat vo skopje kolku vi e zal za taa grupa. kako vikaat starite se se vraka se se plaka taka ke vi se vrati na najbliskite i tie ke ve kolnat dovolno ke bidat a za toa kolku ke ve glasame tesko sega nie stradame ama utre vie gospodo regulatori i vlastodrsci od ilindeska

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Френклин до злато со светски рекорд
На трката на 200 метри грбно Американката Миси Френклин златниот медал го освои со време на нов светски рекорд, а изнена...
Првите медали во атлетика за Мајевски и Дибаба
Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле, а Дибаба од Етиопија го освои златниот медал в...
Преглед на освојувачи на медали - 7.ден
По седмиот натпреварувачки ден 54 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |