Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
02.08.2012, 12:03

Да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна приказна

Претседателот на Собранието Вељаноски во говорот по повод Денот на Републиката повика на единственост и слога

Куќата на Македонија е изградена, а нашата најсвета обврска е да ја сочуваме. Нашите предци не ни оставија минато од кое треба да се срамиме и затскриваме и затоа тоа треба да го славиме. Пред Македонија претстои постојана борба за освојување на слободата. Таа борба денес се води за просперитет, за развој, за повисок стандард и за подобар живот... Наша задача како генерација е таа борба да ја водиме бескомпромисно... Македонија секогаш била на вистинската страна.

Ова претпладнево во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце го истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во говорот по повод Денот на Републиката. Тој повика на единственост и слога.

- Потребно ни е единство како никогаш порано. Повикувам конечно да ги оставиме разликите зад нас. Да бидеме сложни околу напредокот. Да си подадеме рака за да направиме уште повеќе и уште подобро. Да застанеме сите под бајракот на слободна и просперитетна Македонија. Заедно како што тоа го правеа нашите татковци, нашите дедовци, да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна, вечна приказна, во која демократијата и благосостојбата се наше секојдневие кое постојано го развиваме. Да бидеме првите што ќе дадат пример. Одговорноста за развивање на Македонија е поголема од било која разлика која постои и која не раздвојува, истакна претседателот на Парламентот.

Потсетувајќи на подвизите на илинденците во 1903 и на борците во НОБ на кои се темели современата македонската држава, Вељаноски рече дека со векови предците го чувале и пренесувале нашето битие и дека таа обврска треба да продолжи.

- Ние не смееме на нашите поколенија да им оставиме земја и народ обезличени и без корен. Дрвото без корен е осудено да изгние. Токму ваквите мигови и светли датуми се време кога секој од нас треба да се запраша што бил мотивот на плејадата од херои кои ги дале своите животи пред олтарот на слободна и независна Македонија. ...Сонот успеа да опстои како илинденски и асномски идеал преку 8 септември 1991 се до ден денешен, а убеден сум дека ќе опстои засекогаш...Затоа тука од Пелинце заедно да кажеме: Нашиот идентитет е нашето постоење, коренот на животот. Силни и обединети продолжуваме да правиме многу повеќе затоа што друг пат не постои. Денес нашата задача е да ја внесенеме Македонија во НАТО и ЕУ. Сплотеноста е патот. Ако нема сплотеност, нема ниту напредок, нагласи Вељаноски.

Во својот говор тој се осврна и на заначењето на добрососедските односи во градењето просперитетна иднина.

- Напредокот е тоа кон што се стремиме, а ако тој некогаш независно од нашата волја и посветеност, може да биде попречуван од ирационални спорови. Но, дека аргументите се поважни од силата, дека правдата ја поразува неразумноста се покажа и со одлуката на Судот во Хаг во спорот што го имаме со соседна Република Грција. Добрососедските односи и духот на соработка немаат алтернатива. Република Македонија отсекогаш е посветена кон развивање на односи на соработка на сите полиња со сите наши соседи. Тоа е принцип кој мора да се почитува. Само така, сите заедно можеме да изградиме стабилен и просперитетен регион, но во исто време и економски, културен и секаков друг напредок на секоја држава одделно, рече Вељаноски во обраќањето по повод Денот на Републиката 2 Август.


Статијата е прочитана 561 пати.

Испрати коментар



Бројот на жртвите од поплавите во Северна Кореја се искачи на 169
Hови две илјади оперативни вработувања
Утре топлотен бран од жолта фаза во Македонија
Локализирани пожарите низ Македонија
Франција бара контрола на увозот на јужнокорејски возила во ЕУ
Локализирани пожарите во Велес, Гевгелија и Куманово
Време е Македонија да побара признавање во ОН под уставното име
Генералното собрание на ОН усвои Резолуција за Сирија
Нов топлотен бран
СДСМ манипулира и врши притисок, струјата меѓу најевтините во ЈИЕ
Русија демантира дека нејзини бродови се упатиле кон Сирија
Руски воени бродови се упатија кон Сирија
Младенов - Да ги оставиме политичките толкувања на историјата во минатото
Обама за роденденски подарок ја посака Флорида
Регулаторната комисија да ги повлече правилникот и новите тарифници за струјата и парното
Oд утре нов топлотен бран
Иран се согласи на нови преговори за нуклеарната програма
(Обновено) Досиеjата на лустрираните објавени на Интернет
Вознемиреноста на Атина поради минатото
Пожарот кај велешко Карабуниште се` уште активен
Анан се повлекува од функцијата меѓународен посредник за Сирија
Сообраќајот во Дебар Маало од денеска еднонасочен
Cончево и топло
Пожарот на Cкопска Црна Гора ставен под контрола
Хоџај - Косово и Македонија имаат добри односи
„Прогрес“ се спои со Меѓународната вселенска станица
Сириските бунтовници извршуваат јавни ликвидации врз приврзаниците на Асад
Во Шпанија уапсени тројца припадници на Ал Каеда
Иванов - Сложни и единствени може да создадеме европска Македонија
Тинејџер со нож уби осум лица во Кина
Пожар во атарот на село Виниче
(ФОТО) Реформите и развојот продолжуваат
Светите преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј ќе бидат впишани во списокот на светиите
„Јужен тек“ и гасификацијата ќе обезбедат енергетска сигурност на Македонија
Изгаснати се сите пожари во Македонија
ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
Конститутивна седница на Советот на јавни обвинители
НАТО треба да остане во Авганистан се додека не си ја заврши работата
НБРМ ja намали прогнозата за растотот на БДП годинава
Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Илинден
Сириските христијани бегаат од земјата стравувајќи од Mуслиманското братство
Во Прилеп отворен Институтот за композитни материјали и роботика
Владата со мерки за состојбата со пожарите
Дo МВР доставен фоторобот на терористoт од Бургас
Струјата поскапа за 9,83 проценти, парното од 3,75 до 3,88 проценти
Двајца српски војници загинаа на Копаоник
(ФОТО) ХЕЦ „Света Петка“ од денеска во функција
Честитка од претседателот Иванов по повод Илинден
Пожарот во Ресен се шири кон Пелистер, во Валандово активен, но под контрола
Пратениците од денеска на годишен одмор
Воспоставено снабдувањето со струја во Индија
Втори август неработен ден за сите граѓани
Променливо облачно со локален пороен дожд
НАТО останува во Авганистан и по 2014 година
Конгресмен од Њу Џерси се приклучи на македонската група во Конгресот
Активни пожари на Кожуф и во Конче
Намален бројот на работниците во индустријата
Кичевчанка си ја убила двомесечната ќерка
ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ
Грција банкротира уште во март годинава
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 20°C

Понеделник
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 20°C
овозмо��ено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Френклин до злато со светски рекорд
На трката на 200 метри грбно Американката Миси Френклин златниот медал го освои со време на нов светски рекорд, а изнена...
Првите медали во атлетика за Мајевски и Дибаба
Мајевски го одбрани златниот медал од Пекинг во дисциплината фрлање ѓуле, а Дибаба од Етиопија го освои златниот медал в...
Преглед на освојувачи на медали - 7.ден
По седмиот натпреварувачки ден 54 држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |