03.08.2012, 09:59 Три златни медали за Американците
Американците на 6.ден од натпреварувањата во „Акватик центарот“ во Лондон освоија три златни медали и беше поставен еден светски рекорд
На шестиот ден од натпреварувањата во „Акватик центарот“ во Лондон на Олимписките игри, Американците освоија три златни медали и беше поставен еден светски рекорд.
Ребека Сони во трката на 200 метри градно го освои златниот медал и уште еднаш на Игрите во Лондон постави светски рекорд – 2:19.59 минути. Среброто и припадна на Јапонката Сатоми Сузуки, а бронзата Јулија Ефимова од Русија.
Тајлер Клери освои златен медал на 200 метри грбно со време на олимписки рекорд, совладувајќи го својот сонародник Рајан Лохте кој освои бронза, додека среброто му припадна на Риосуке Ирие од Јапонија.
Мајкл Фелпс до 20.от медал на Олимписките игри дојде со победата во дисциплината 200 метри мешано, што беше негов прв златен медал освоен поединечно на Игрите во Лондон. Со овој успех Фелпс го одбрани првото место освоено во Атина и во Пекинг. Рајан Лохте освои сребро, а Унгарецот Ласло Чех бронза.
На 100 метри слободно кај жените олимпиското злато го освои Раноми Кромовидјојо од Холандија, пред светската шампионка Александра Херасименија од Белорусија и Ји Танг од Кина. |