Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
29.07.2012, 07:32

Македонско олимписко досие - од блесок до депресија

Македонските спортисти имаат освоено 13 медали на 13 олимписки игри, од нив само еден во самостојна Македонија

Влатко Арсов


Тажно е што стана вообичаено да известуваме за симболични и потпросечни настапи на македонските претставници на Олимписките игри. Лондон 2012 е најсилниот замав на олимписката депресија во Македонија и по квалитет и по квантитет како криетриуми. Имаме само четворица претставници, а ниту еден од нив нема олимписка норма. Спортистите најмалку се виновни, уште повеќе, тие се јунаците кои во непријатната атмосфера ќе се обидат да дадат се' од себе. Сите четворица се обврзаа да постигнат свој најдобар резултат кога ќе излезат на борилиштата и тоа е доволно за периодов и за состојбата во која се наоѓаат македонските индивидуални спортови. Точно, ниските амбиции ретко носат развој, но далеку се, повеќе суштински и содржински отколку временски, времињата во кои македонските спортисти се враќале со медали од олимписката сцена.

Единствениот медал под знамето на самостојна Македонија го освои борачот Могамед Ибрагимов, во Сиднеј 2000, но пред него уште девет спортисти, собрале вкупно 12 медали, како дел од поранешна СФР Југославија. Почнувајќи од 1956 година, македонски спортисти учествувале на сите 1, освен на Игрите во Токио, во 1964 година.


Барселона 1992


На Игрите во Барселона, Македонија прв пат имаше претставници како самостојна држава, меѓутоа тие не се натпреваруваа како спортисти од Македонија. Поради тоа што нашиот Олимписки комитет се' уште не беше интефриран во ИОК, макдонските спортисти, заедно со спортистите од тогашна СР Југославија, настапија под името Независни олимписки учесници.

Македонски репрезенти беа: Елизабета Павловска (атлетика), Кире Филиповски, Наташа Мешковска (пливање) Лазе Поповски (кајак), Зоран Шоров (борење).

Атланта 1996


Првпат македонското знаме се појави на едни Олимписки игри. Како независен и признат Олимписки комитет, македонскиот испрати, досега најмногу, 11 спортисти кои се натпреваруваа во четири спорта. Највпечатлив настап имаше борачот Шабан Трстена, кој го освои петтото место.

Настапија Лазе Поповски, Ана Угриновска, Ненад Трповски (кајак-кану), Александар Маленко, Кире Филиповски, Наташа Мешковска, Мирјана Бошевска (пливање), Дарко Насески (стрелаштво), Владо Соколов, Шабан Трстена, Валери Верушин (борење).


Сиднеј 2000


Македонија ја збогати листата на земји освојувачки на медали во историјата на Игрите во Сиднеј. Могамед Ибрагимов испиша историја освојувајќи го третото место меѓу борачите до 85 килограми со четири победи и еден пораз. Солиден настап, кој заврши со седмото место, има и сега веќе покојниот Насир Гаџиханов, исто така во борење. Освен нив македонски дрес носеа уште четири мажи и четири жени.

Учествуваа Даниела Кулеска, Ванчо Стојанов (атлетика), Лазе Поповски (кајак), Александар Миладиновски, Зоран Лазаревски, Мирјана Бошевска, Весна Стојановска (пливање), Дивна Пешиќ (стрелаштво), Насир Гаџиханов и Могамед Ибрагимов (борење).

Атина 2004


Македонската делегација броеше 10 натпреварувачи на Игрите чиј домаќин беше нашиот јужен сосед. По бронзата на Ибрагимов од пред четири години, апетитите можеби пораснаа, но реалноста беше уште еден просечен настап за Македонија. Кајакарот Лазе Поповски успеа да се пласира меѓу полуфиналистите во К1 слалом, заврши 16-ти и тоа остана највисокиот дострел. Се натпреварувме во пет спорта, преку седум машки и три женски претставници.

Настапија Лазе Поповски (кајак), Могамед Ибрагимов, Сихамир Османов (борење), Александар Маленко, Александар Миладиновски, Зоран Лазаревски, Весна Стојановска (пливање), Александра Војнеска, Ванчо Стојанов (атлетика), Дивна Пешиќ (стрелаштво).


Пекинг 2008


Во Пекинг, првпат под македонското знаме продефилираа едноцифрен број спортисти, седум, од нив пет мажи и две жени. Најзабележителен меѓу сите беше, веројатно борачот Мурад Рамазанов, кој мина две рунди и загуби во четвртфиналето во категорија до 60 килограми, слободен стил.

Учествуваа Ивана Рожман, Реџеп Селман (атлетика), Атанас Николовски (кајак), Сашо Несторов (стрелаштво), Елена Поповска и Михајло Ристовски (пливање).


Македонски освојувачи на медали пред осамостојувањето:


Злато: Благоје Видиниќ (фудбал) во Рим 1960, Шабан Трстена (борење) во Лос Анџелес 1984.

Сребро: Благоје Видиниќ (фудбал) во Мелбурн 1956, Благоја Георгиевски (кошарка) во Монтреал 1976, Реџеп Реџеповски (бокс) во Лос Анџелес 1984, Стојна Вангеловска (кошарка), Шабан Трстена (борење) во Сеул 1988.

Бронза: Аце Русевски (бокс) во Монтреал 1976, Шабан Сејди (борење) во Москва 1980 и во Лос Анџелес 1984, Азис Салиху (борење), Милко Ѓуровски (фудбал) во Сеул 1988.


Македонски освојувачи на медали на Параолимписки игри:


Злато: Бранимир Јовановски (стрелаштво) во Барселона 1992

Сребро: Ванчо Каранфилов (стрелаштво) во Атина 2004

Бронза: Вангеч Жабев (пливање) два пати во Арнхем 1980.


Статијата е прочитана 1402 пати.

Испрати коментар



Домаќинот гневен – ВИП-местата на ОИ останаа празни
Ѓоковиќ и Ферер победија пред дождот
Шпанците ги спакуваа куферите
Милевски на клупата, Гешоски во нападот
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Хамилтон најбрз на трката за ГН на Унгарија
(ФОТО) Илчо Ѓорѓиоски избран за претседател на ФФМ
Одиграни натпреварите од 1.коло на женскиот одбојкарски турнир
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Винокуров олимписки шампион во велосипедизам
Шевченко го напушта фудбалот
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Блажевски поспор три секунди од личниот рекорд
Олимпискиот дух е ослободен
Заедништвото е најважниот олимписки идеал
Чавиќ - Олимпиското село е како Ибица
Федерер го заобиколи олимпиското село
Европскиот шампион се откажа од трката на 100 метри
Пирова победа за Ренова во Белорусија
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
(ФОТО) Македонското знаме подигнато во Олимпиското село во Лондон
Почнуваат 30. Олимписки Игри во Лондон
Металург убедливо поразен и во реваншот
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“
Прв скандал на Олимпијадата, Севернокореанките го напуштија теренот



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |