28.07.2012, 16:48 Блажевски поспор три секунди од личниот рекорд
Блажевски пливаше на шестата патека во првата квалификациска група составена од пет пливачи и го освои третото место
Македонскиот знаменосец на синоќешното отворање на Олимпијадата, пливачот Марко Блажевски, е првиот Македонец кој настапи на Игрите во Лондон. Тој утрово се појави во олимпискиот базен во дисциплината 400 метри мешано, но не успеа во намерата да исплива со своето најдобро време.
Блажевски пливаше на шестата патека во првата квалификациска група составена од пет пливачи и го освои третото место со време 4 минути 32 секунди и 38 стотинки.
Со ова време се очекува македонскиот пливач на крајот да биде околу 34 позиција од вкупно 36 пливачи колку што се пријавени во оваа дисциплина
Личниот рекорд на најдобриот македонски пливач во моментот изнесува 4,29.07 што значи дека претпладнево Блажевски беше поспор за повеќе од 3 секунди од неговото најдобро време.
Македонскиот рекорд во оваа дисциплина стар 14 години го држи Александар Маленко и тој изнесува 4,27.62.
Втора од четиритие македонските претставници на ЛОИ ќе настапи пливачката Симона Маринова на 2 август во дисциплината 800 метри слободно. |