27.07.2012, 14:46 Федерер го заобиколи олимпиското село

Швајцарскиот тенисер се смести блиску до Вимблдон за да обезбеди мир
Роже Федерер не се пројави во олимпиското село и за време на Игрите во Лондон си најде приватно сместување. За таков потег се решил по проценката дека остане без мир од колегите спортисти кои нема да му дозволат слободно да се движи.
„Во олимписко село престојував во два од трите мои учества на олимпијадите досега. Не се работи дека ми е грозно таму, би сакал и овојпат да сум таму. Но, низ минатите осум години стекнав нешто слава, времињата се променија и не можам слободно да се движам низ толпа луѓе повеќе како што беше случај пред десетина години“, објаснува Федерер и притоа истакна уште еден аргумент поради што го заобиколи сместувањето со други 10.500 спортисти.
„Селото е оддалечено околу еден час возење од All England Club. Затоа решив да побарам сместување блиску до Вимблдон“, додаде Швајцарецот.
Неговата прес конференција во олимпискиот медиски центар ја посетија неверојатни 700 новинари. Претставниците на „седмата сила“ речиси се газеа едни со други за да го фотографираат Федерер.
|