30.07.2012, 19:34 Ѓоковиќ и Ферер победија пред дождот
Мечевите беа прекинати речиси цело попладне, а без прекин се играше единствено на централниот терен каде што беше пуштен целиот покрив
Тениската програма на вториот олимписки ден страдаше поради дождот и невремето кои се вообичаени за Лондон. Мечевите беа прекинати речиси цело попладне, а без прекин се играше единствено на централниот терен каде што беше пуштен целиот покрив. Затоа многу од мечевите беа преместени за вчера поради што првото коло се развлече во три ден.
Воведниот праг го поминаа сите главни фаворити без поголеми проблеми. Новак Ѓоковиќ мораше да игра три сета против Фабио Фоњини, но откако го скрши отпорот, лесно ја доби партијата. Со по 2:0 во вториот круг поминаа Енди Родик и Давид Ферер, а најтешко помина Жо-Вилфред Цонга, кој мораше да прави пресврт против Томас Белучи. Кај дамите, експресна победа, со само два загубени гејма оствари Марија Шарапова.
Невремето во Лондон ја попречи и велосипедсктата улична трка за жени и ги одложи коњичките натпревари.
Резултати 1. коло:
(мажи) Ѓоковиќ (Србија) - Фоњини (Италија) 6:7, 6:2, 6:2, Ферер (Шпанија) - Посписил (Канада) 6:4, 6:4, Цонга (Франција) - Белучи (Бразил) 6:7, 6:4, 6:4, Чилиќ (Хрватска) - Мелцер (Австрија) 7:6, 6:2, Гаске (Франција) - Хасе (Холандија) 6:3, 6:3, Родик (САД) - Клизан (Словачка) 7:5, 6:4.
(жени) Шарапова (Русија) - Пеер (Израел) 6:2, 6:0, Азаренка (Белорусија) - Бегу (Романија) 6:1, 3:6, 6:1 Кербер (Германија) - Четковска (Чешка) 6:3, 3:0 предадено.
|