30.07.2012, 22:11 Нема опасност пожарот да ги зафати куќите во село Долно Дупени
Надмината е опасноста пожарот да ги зафати куќите во село Долно Дупени односно по интервенцијата на противпожарните екипи на Ресен, Битола, Охрид, СВР Ресен, Националниот парк „Пелистер“, Шумското Стопанство, како и околу 200 лица од месното население, насоката на пожарот е сменета во правец на полето каде ќе се гасне.
Центарот за управување со кризи информира дека не постои и опасност од труење со чад на лицата кои се во моментов во селото.
Екипите и понатаму остануваат на терен и интервенираат на овој пожар.
Претходно вечерва Центарот за управување со кризи соопшти дека поради обемноста на пожарот и ветерот кој го шири постои опасност пожарот да дојде до првите куќи во село Долно Дупени.
Пожарот помеѓу селата Љубојно и Долно Дупени се реактивира, а поради близината на пожарот до првите куќи на село Долно Дупени, луѓето од овие домови беа евакуирани. |