28.07.2012, 18:15 Меркел и Оланд „ќе направат се за да ја заштитат еврозоната“
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ветија дека „ќе направат се за да ја заштитат еврозоната“.
Во заедничкото соопштение по телефонскиот разговор меѓу двајцата државници се наведува дека „Германија и Франција се длабоко посветени на зачувување на интегритетот на еврозоната и ветуваат дека ќе направат се што е потребно за да ја заштитат оваа монетарна унија“.
- За да го постигнеме тоа, државите членки на еврозоната и европските институции мораат да ги исполнуваат своите обврски. Германија и Франција го нагласуваат значењето за итната примена на заклучоците на Европскиот совет од крајот на јуни, се додава во текстот на соопштението.
Францускиот претседател пред три дена изјави дека се заложува за „брза и одлучна примена“ на реформите договорени на самитот на лидерите на ЕУ кон крајот на јуни во Брисел. |