29.07.2012, 10:30 Над два тони марихуана пронајдени на гробишта во Мексико
Мексикански војници пронајдоа над два тони марихуана скриена на гробишта на североистокот на Мексико, соопшти денеска мексиканското Министерство за одбрана.
Војниците пронашле 241 пакет марихуана во гроба во селото Лос Виља Нуева, во непосредна близина на градот Сиудад Камарго, во пограничниот дел кон САД.
Мексиканската војска наведе дека вкупно се пронајдени 2.241 килограм марихуана. |