Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.07.2012, 09:11

Херитиџ предвидува македонско членство во НАТО на следниот самит

Фондацијата Херитиџ е еден од водечките аналитички центри на американската десница, главно активен во прашањата на безбедноста и економските слободи

Американската фондација Херитиџ, која во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго беше една од најактивните за поддршката на македонското членство, вчера во Вашингтон организираше конференција за состојбите во Jугоисточна Европа на која експертите на Херитиџ оценија дека Македонија ќе стане членка на следниот самит на НАТО.

- Многу беше разочарувачки што Македонија не го доби своето тешко заработено членство во НАТО на самитот во Чикаго. Да бидеме искрени, Грците имаат поважни работи за кои треба да се грижат од името на Република Македонија. Ова прашање е единственото нешто што го попречува членството на Македонија во НАТО, и Грците кои сега се зависни од милоста на Европа, би требало и самите да ги поддржат своите соседи. Државниот секретар Хилари Клинтон изрази надеж дека Чикаго ќе биде последен самит на НАТО без проширување. Лично, јас сметам дека Македонија би требала да стане членка на НАТО уште утре, но реално, тоа најверојатно ќе се случи веќе на следниот самит на НАТО, изјави аналитичарот Лук Кофи, кој пред самитот во Чикаго беше коавтор на труд на Херитиџ со кој повика Македонија да добие покана за членство.

- Сметаме дека самитот во Чикаго требаше да биде самит за проширување. На крајот, тој се сведе на самит за спроведување на претходно донесените одлуки од Лисабон. Но, со нашите иницијативи, со нашите средби на Капитол Хил, во Стејт департментот, во секретаријатот за одбрана, работевме проширувањето на НАТО да остане актуелно како тема за следниот самит, додава Џо Фоли, кој ги промовира ставовите на повеќе балкански држави во Вашингтон.

Фондацијата Херитиџ е еден од водечките аналитички центри на американската десница, главно активен во прашањата на безбедноста и економските слободи. Џејмс Дин, заменик директор на програмата за владини истражувања на Херитиџ, оцени дека земјите од регионот на Балканот меѓу кои и Македонија се позитивен пример токму во областа на спроведените реформи и привлекувањето на странски инвестиции.

- Во моментов, во оваа светска економска клима, инвеститорите бараат добри места каде би ги вложиле своите пари, бидејќи гледаме дека многу места веќе не се поволни за инвестирање. Вo изминатите десет години многу од државите од Југоисточна Европа постигнаа извонреден напредок во економските слободи. Земји како Хрватска, Македонија, Бугар��ја, Србија направија многу забележителен напредок. Веруваме дека има многу добри вести од Балканот за инвеститорите, изјави Дин, кој додаде дека фондацијата Херитиџ ја промовира потреба да се воведе и процес на визно олеснување за земјите од регионот, со кое граѓаните би можеле да престојуваат до 90 дена во САД, без претходно да извадат виза.

Херитиџ организираше средба на коалицијата за Jугоисточна Европа, која ги поврзува дијаспорите на повеќе балкански држави во Соединетите Американски Држави, меѓу кои и Обединетата македонска дијаспора, од каде најавија заеднички бизнис форум за целиот регион, кој ќе се организира во САД.

Интеграциите на Македонија и Балканот во целина биле тема на разговор и при посетата на словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак на Вашингтон. Словачкото министерство за надворешни работи кусо информира дека на средбата на Лајчак со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, таа ја поздравила улогата на Словачка во Западниот Балкан. Лајчак, заедно со австрискиот колега Михаел Шпинделегер, при нивната неодамнешна посета на Македонија изјавија дека спорот за името веќе не смее да ги блокира македонските интеграции во НАТО и во Европската Унија.

- На мојата средба со министерот Лајчак во Вашингтон јас силно ја поддржав интеграцијата на Западниот Балкан во НАТО и во Европската Унија, и брзото решавање на прашањето на името. Останувам загрижен дека, доколку нема напредок во процесот на интеграциите, политичката и економската состојба во Македонија може да бидат изложени на дополнителен притисок, изјави за МИА Дејмон Вилсон, извршен директор на Атланскиот Совет на САД, поранешен висок функционер во американскиот Совет за национална безбедност и во кабинетот на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон.


Статијата е прочитана 1440 пати.

Испрати коментар



НАТО останува во Авганистан и по 2014 година
Конгресмен од Њу Џерси се приклучи на македонската група во Конгресот
Активни пожари на Кожуф и во Конче
Намален бројот на работниците во индустријата
Кичевчанка си ја убила двомесечната ќерка
ВМРО-ДПМНЕ со повисок рејтинг од СДСМ
Грција банкротира уште во март годинава
Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница
Половина Индија остана без струја
Грчките коалициски партнери никако да се договорат за мерките за штедење
Помошта на Франција за домашната автоиндустрија е легална
Ограничено движење низ Националниот парк „Маврово“
Во Македонија, генерално, се почитуваат верските слободи
Пожарите во Македонија ставени под контрола
Сончево со слаб до умерен ветер
Нема опасност пожарот да ги зафати куќите во село Долно Дупени
Жежок септември за името
Од идната година помала основицата за пензија
Обид за убиство во Сенокос
Зајакната безбедноста во бугарската нуклеарка „Козлодуј“
„Галуп интернешенел“ - Македонците најрелигиозни во Европа
За мнозинството македонски граѓани интеграцијата во ЕУ и НАТО нема алтернатива
Бензините поскапуваат за два, а дизелот за три денари по литар
Кривична пријава против едно лице за предизвикување шумски пожар во Струмичко
Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Тетовско
Тројца загинати во две сообраќајни несреќи
Двајца турски војници загинаа во судир со курдските бунтовници
Брејвик порано или подоцна ќе биде ослободен
Прием на Македонија во НАТО како дел од поширок план за регионот
Басеску останува претседател
ОН бараат безбеден пристап до Алепо
(ОБНОВЕНО) Активни пожарите во Струмичко и во Василево, локализиран во Ресенско
Сончево и многу топло
Железничкиот сообраќај со Грција прекинат поради превртени вагони
На 1 август почнува полнењето на ХЕЦ „Св. Петка“
Сирија нема да употреби хемиско оружје против бунтовниците
Комплетна климатизација на Детската клиника во Скопје
Повторно активен пожарот кај Струмица, гори и во Василево
Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица
Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Охрид
Прва Црвена листа на габите во Македонија
Над два тони марихуана пронајдени на гробишта во Мексико
Митинг на СДСМ во Охрид
Србија во ЕУ само ако го признае Косово
Велосипедист загина во Тетово
Сервер го поздрави македонскиот предлог за соработка со Грција
ММФ и предвидува на Шпанија уште подлабока рецесија
Меркел и Оланд „ќе направат се за да ја заштитат еврозоната“
СДСМ на средби со граѓаните на Охрид и Дебрца
Седум нови индустриски зони во следните месеци
Полицијата откри 46 илегални танчерки
Обезбедени 144 милиони денари за учениците од ранливи семејства
Tоплотен бран од жолта фаза
Локализиран пожарот на патот Струмица-Валандово
Реактивиран пожарот кај Струмица
Сончево со умерен ветер
Црвенковски - Што разговараше државниот врв со Бан Ки-мун?
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
(OБНОВЕНО) Убиен 53-годишен маж во охридското село Орман
Аврамопулос „разочаран од провокативните изјави на Груевски“
Он-лајн нарачки на услугите на „Македонски телеком“
Вашингтон повика на директни разговори меѓу Атина и Скопје
Исполнувањето на ветувањата останува приоритет на Владата
(ФОТО) Свечен пречек за контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ од Авганистан
СМК со резерви дека Грција ќе ги штити човековите права во ЕУ
Вељаноски задоволен од работењето на Парламентот
Активен, но под контрола пожарот кај Два Пата, Струмица
Јанкулоска - Многукратно расте ефикасноста на МВР
Еквадор бара гаранции од Британија за Џулијан Асанж
Избрана новата српска Влада
Арачиновец ветувал и наплатувал за лажни вработувања во МВР
Самарас се сретнa со претставниците на „тројката"
Пожарот кај Богданци активен, но под контрола
Пентагон ja минимизира улогата на Ал Каеда во Сирија
Груевски без коментари за името, го кани Самарас на средба
Пожарот кај Свети Николе ставен под контрола
Cончево со умерена облачност
Македонец од Австралија е менаџер на фабриката Дрекслмаер
Иран го обвини Израел за атентатот во Бургас
(ФОТО) Бан Ки-мун во посета на Собранието
Убиецот од Колорадо „вложил“ илјадници долари за крвавиот напад
Брејвик праќа писма на екстремисти



pile, 27.07.2012 10:57:48
Od izvonredno znacenje e sogleduvanjeto i podrska za polnopravno clenstvo na Republika Makedonija vo NATO Alijansata od strana na Amerikanskata fondacija Heritidj, so sto ke se obezbedi podolgorocna bezbednost i razvoj na regionot.No uste poveke od sustinska vazjnost e objektivnoto gledanje na sostojbite na Balkanot i opkruzjuvanjeto na Republika Makedonija, vo nasoka za odlozjuvanje na zaclenuvanjeto vo Alijansata i dobivanje na bezbednosniot sertifikat na naredniot Samit, odnosno za 4 godini.Posebno ako se znae deka clenstvoto vo NATO ne znaci samo vlez pod bezbednosniot cador tuku bara i politicki i ekonomski refirmi koi bez vladeenje na pravoto i funkcioniranje na neselektiven nacin na instituciite vo Drzjavata,koe nesto so ovaa vladeacko mnozinstvo e NEMOZJNO,sto go dokazjuvaat i Izvestaite na Stejt departmentot za 2011 god. i drugi ugledni priznaeni svetski organizacii koi se zanimavaat so sostojbata covekovite prava slobodata na govorot i drugi demokratski vrednosti.OSTAVKI
mile, 27.07.2012 11:41:56
Лично не верувам..........информацијава како да е од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ............................

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Цонга и Раониќ го одиграа најдолгиот сет на Олимпијадите
Пласман во третото коло на турнирот во Лондон обезбеди Французинот, откако го доби третиот и одлучувачки сет со невероја...
Преглед на освојувачи на медали - 3.ден
По третиот натпреварувачки ден 37 држави имаат освоени медали...
Литванка Меилутите стана олимписка шампионка
Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47...
Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |