31.07.2012, 15:00 Намален бројот на работниците во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 2,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 0,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 2,9, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.
Намалување на бројот на работниците се бележи кај индустриската група Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 отсто, Капитални производи за 8,2, Трајни производи за широка потрошувачка за 7 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јуни 2012 година во однос на истиот период од 2011 година е намален за 1,7 отсто. |