02.08.2012, 15:49 „Прогрес“ се спои со Меѓународната вселенска станица
Третиот руски вселенски товарен брод „Прогрес“ оваа година, денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица по шестчасовниот лет, изјавија претставници на рускиот Центар за контрола на летовите.
Прогрес „М-16М“ и достави на МВС 2,6 тони товар, вклучувајќи храна, вода, санитарно-хигиенски материјали, гориво, различна опрема и подароци за екипажот, кој се состои од тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец.
Бродот постави нов рекорд, бидејќи досега на товарните вселенски летала им требаа два дена за целата операција.
Меѓународната вселенска станица орбитира на околу 350 километри над земјата. |