29.07.2012, 11:27 Почина уште едно лице повредено во пожарот кај Струмица
Синоќа почина уште едно лице, 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев, кој беше повреден во пожарот кој избувна на 23 јули кај Струмица
На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, синоќа почина уште едно лице, 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев, кој беше повреден во пожарот кој избувна на 23 јули кај Струмица.
На 24 јули починаа браќата, 46-годишниот Пено и 50-годишниот Блажо Стојкови вработени во „Македонски шуми“.
На Клиниката се наоѓаат уште две лица на лекување кои беа повредени во пожарот. Едниот од нив е возрасно лице со изгореници над 50 отсто, кое е во витално-загрозувачка состојба, но во моментов со стабилни параметри. Докторите на Клиниката прават максимални напори за негови излекување. Другото лице кое се наоѓа на Клиниката е дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен и се наоѓа во стабилна општа соостојба. |