Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.07.2012, 19:21

На прошетка низ Охрид

Убавините на градот под Самоуловите тврдини го воодушевија генералниот секретар на Обединетите нации

Елена Михајловска

Охрид - Убавините на градот под Самоуловите тврдини го воодушевија генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, откако вчера во рамки на кратката прошетка низ стариот дел на Охрид имаше можност да се запознае со дел од културните знаменитости кои припаѓаат на светското културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Пред своето заминување од Охрид, каде што престојуваше во рамки на дводневната посета на Македонија, високиот гостин пријатно изненаден од она што го видел, истакнал дека жали што немал повеќе време целосно да го разгледа градот, па на своите домаќини им рекол дека ќе биде радосен доколку во иднина му се укаже можност повторно да дојде на Охридската ривиера.

Поради строгиот протокол и интензивната работна агенда, Бан Ки-мун придружуван од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов успеа да ги види комплексот Плаошник, црквата „Света Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони, но немаше време да ги посети црквата „Света Софија“ и Античкиот театар.

Љупчо Кумбаровски, кој во улога на кустос ја водеше важната делегација низ Охрид, вели дека Бан Ки-мун е многу непосреден, позитивен и исклучително љубопитен како гостин.

„За време на прошетката низ културните локалитети, генералниот секретар поставуваше голем број прашања. На Плаошник се интересираше за тоа од кој период датира манастирот и беше изненаден од фактот дека во рамки на комплексот има многу структури од 4, 5 и 6 век и од раното христијанство. Се интересираше за темелите кои се гледаат, а кога му објаснив дека станува збор за ранохристијански базилики и епископска палата, ме запраша дали има уште такви места во Охрид. Тој беше многу изненаден кога му одговорив дека целиот стар дел на градот лежи на те��ели на многу постари градби и дека се' уште има многу неоткриени работи“, ги раскажува своите впечатоци Кумбаровски, кој во својата досегашна кариера водел многу значајни делегации низ Охрид.

Бан Ки-мун особено се заинтересирал за животот и делото на свети Климент Охридски и прашал дали некаде може да го види ликот на овој светец. Кумбаровски му покажал икона со неговиот лик и му објаснил дека поради неговата голема интелигенција зографите секогаш го сликале со високо чело. Тоа му било прилично духовито на Бан Ки-мун, па рекол дека тој факт добро ќе го запомни. Тоа го потврди при посетата на Галеријата на икони, кога го препознал ликот на свети Климент.


Статијата е прочитана 1352 пати.

Испрати коментар



Правила, што беше тоа?
Бан Ки-мун на жешка линија со Скопје и со Атина
За исклучено парно ќе се плаќа 10 отсто од сметката
Струјата и парното поскапеа среде лето
СДСМ го одложува митингот во Скопје поради слаба посетеност
Граѓаните масовно се приклучуваат на „Работното лето“
Црвенковски дискриминирал по род и пол
Струмица жали за храбрите браќа



Hari, 26.07.2012 00:19:42
Za horhe i Maja moze da kazam samo masala, dobro se hranat, ana koj jazik zboruvaat , toa e golemo prasanje.
Itar Pejo, 26.07.2012 00:20:22
Ova e golema reklama za Ohrid. Se nadevam deka sega ce pocnat da doagaat i drugi, ne samo segasnive holangani koi sto doagaat za nedela dena vo paket od stotina evra.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | В��ст | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |