| 23.07.2012, 16:33Дожд на отворањето на Олимписките игри 
 
  
 Британските метеоролози објавија прогноза според која е можен дожд за време на отворањето на Олимписките игри во Лондон в петок. Таквата вест е фрустрирачка за организаторите, кои се надеваа дека ќе ги послужи времето за време на свечената церемонија.
 
 Најавата дека „можеби ќе врне, но и не мора“ ништо не менува во самата церемонија со оглед дека режисерот Дени Бојл и онака планираше вештачки дожд во перформансот во случај небото да затаи.
 
 |