23.07.2012, 13:43 Маратонец без пасош на ЛОИ 2012
Интернационалниот олимписки комитет дозволи настап на Игрите во Лондон за маратонец кој нема ниту пасош ниту државјанство на ниедна земја. Станува збор за Гуор Маријал (28), атлетичар од Јужен Судан, кој исполни олимписка норма минувајќи ја делницата за 2:14:32 часа. Сепак, тој не може да трча за својата земја која неодамна прогласи независност, се' уште нема национален олимписки комитет и згора на тоа Маријал нема и пасош бидејќи како дете се преселил во САД и има статус на бегалец.
Маријал ќе трча во Лондон под знамето на ИОК што е прв случај од ваква природа во историјата. Под знамето на ИОК претходно учествуваа и некои спортисти од просторите на поранешна СФРЈ, но поради санкции.
|