Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.07.2012, 19:34

Големо апсење на поранешни соработници на Љубе Бошкоски

Единаесет години по убиството на Марјан Тушевски во Скопје, Обвинителството бара да се отвори случајот

Даниела Трпчевска

По 11 години од убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, кои беа застрелани при излегување од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец, случајот почна да се расплеткува. Полицијата вчера изутрина приведе деветмина вработени и поранешни функционери во полицијата, кои се осомничени дека имале, но прикривале информации во врска со убиствата, или не презеле ништо за да го расветлат случајот. Меѓу нив е и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој вчера попладне беше донесен на распит во Основниот суд Скопје 1. Неофицијално, тој се сомничи за помагање, а меѓу приведените е и неговиот шеф на обезбедување. Тројца српски државјани се осомничени дека го извршиле двократното убиство на 37-годишниот Марјан Тушевски и 23-годишниот Кире Јанев. Еден српски државјанин и петмина Македонци се осомничени за помагање, но тие се недостапни за органите на прогонот и по нив се трага. Истрагата е покрената на барање на Обвинителството.

Како што дознаваме, истрагата во Обвинителството за случајот Тушевски се водела во изминатите шест месеци. По добивање на конкретни сознанија, Обвинителството се одлучило да покрене постапка против три лица како директни извршители на убиството и на уште 12-мина за помагање. Повеќе детали одбиваат да соопштат од Обвинителството, се' додека трае распитот на приведените. Од основниот суд во Скопје потврдуваат дека приведените веќе се изнесени пред истражен судија и ги даваат своите искази. Меѓу нив е и поранешниот министер Бошкоски, кој вчера попладне беше донесен во судот од затворот „Идризово“, каде што во моментов издржува петгодишна затворска казна.

„Сите приведени имаат ангажирано свои адвокати. Барањето за истрага пристигна од страна на Обвинителството коешто бара на приведените да им биде одредена мерка притвор“, велат во Основниот суд Скопје 1.

„Случајот Тушевски“ се отвора 11 години по свирепото двојно убиство. На 10 јули 2001 година, во вечерните часови, при излегување од кафулето „ЗУ“ во населбата Капиштец, убијците со огнено оружје најпрво стрелале во правец кон Марјан Тушевски. Со 11 огнострелни повреди бил убиен на самото место. Потоа тројцата извршители, според полицијата, пукале и во Киро Јанев, кој во моментот се обидел да избега од местото на убиството. Тој не успеал да им побегне на убијците. Еден куршум го погодил на оддалеченост од стотина метри, по што починал на самото место на коешто бил застрелан.

Покрај тројцата српски државјани, за кои полицијата има сознанија дека стојат зад двојното убиство, со случајот била инволвирана и поголема група на вработени во полицијата, кои знаеле што се случило, но не презеле ништо да го спречат и разрешат случајот. Дел од нив се во пензија, но има и такви кои се' уште се активни во полициските редови.

Љубе Бошковски и претходно беше повикуван на распит во врска со убиството на Марјан Тушевски, но наводно негирал каква и да е поврзаност со трагичниот настан. Семејството на Бошкоски за време на изборите и по нив неколкупати во јавноста споменуваше дека на Бошкоски „му се пакува афера“ поврзана со двојното убиство во Капиштец.

Стојанче Ангелов: Ова е политички и монтиран процес

„Стравот дека Љубе Бошкоски може да излезе на слобода е причина да биде наместен за убиство кое што се случило пред 11 години“, обвини вчера претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов. Според него, повикувањето на Бошкоски на распит за случајот Тушевски е политички мотивиран и монтиран процес.

„Пред неколку дена покренавме иницијатива за Законот за амнестија на Љубе Бошкоски и истиот ден не покрија со излегувањето на неколкумина членови од Обединети за Македонија кои преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. Иницијативата сметаме дека има големи шанси да помине во Собрание и веќе имаме информации дека би ја поддржале и пратеници од власта. Токму тоа сметаме дека се крие зад најновата акција со приведувањето“, вели Ангелов.

Тој прашува зошто доколку имало информации за извршителите на убиството, се чекало шест години за да се отвори процесот. „Место да го ослободат се обидуваат доживотно да го затворат Бошкоски. Тие се убедени дека на тој начин партијата нема да постои. Но, тоа нема да се случи“, тврди Ангелов.


Статијата е прочитана 7705 пати.

Испрати коментар



Време е за „Охридско лето“
Филе
Официјални разговори со Нимиц во неофицијален амбиент
Пожарот во Струмица усмрти двајца браќа
Лекарски вработувања
Синдикатот и Владата - два лика во едно огледало
Скопје под посебен безбедносен режим
„Злетовица“ ќе наводнува и ќе произведува струја
СДСМ не го менува тимот што победува



ФЕЛИКС, 25.07.2012 09:45:32
,,Пак местенка,сакаат доживотно да го затворат лидерот на ОМ, ,,извика и провикна г-дин Ангелов.па додава ,,нашите моќни партии (ОМ претопена и неговата двајца без тројца,забелешка моја)од ден на ден се појаки се,власта паничи поради тоа,,.Па така се прашувам зошто местенка на некој што подолго ќе биде зад решетки,глас не му се слуша а многу моќен,партијата се истопи како мраз во јули и отиде таму од каде и што замина,пред несреќната изборна авантура.Но како и да е да почекаме да до крај се расплете клопчето на спрегата на дел од полициски функционери и криминалците и обратното.Да видиме кој со кого ,,коалицирал,, и зошто мафијашки пресметки се организирале и покривале.
pile, 25.07.2012 10:16:06
Bez da navleguvam vo motivite za vakvoto apsenje, zosto sega opsto poznato e, zamajuvanje na javnosta i svrtuvanje na vnimanieto od site drugi problemi kako ekonomski taka bezbednosno-veke ne samo sto masovno se gine na patistata tuku se gine i pri gasnenje na pozjari.Za mene vo vrska so slucajot a uste poveke za Obvinitelstvoto treba da e od krucijalno znacenje, dali deloto ne e opfateno so Zakonot za amnestija, ili ke se potvrdi tezata na eden ugleden profesor deka vladeackata politicka elita vo osnova e pravno nepismena.Slusajki go Kotevski kako recitira vo vrska so priveduvanjeto, prosto covek da ne veruva deka neselektivnata pravda postoi vo drzjavata.Zatoa ocekuvam za koj den na ist nacina da recitira pri ekstradicija na Dragan Daravelski, a JO da ja prosiri istragata protiv togasni negovi pretpostaveni, minister za trgovija-finansii, sekretarka i da slusneme deka tie znaele a molcele i da bidat povikani na informativen razgovor,najverojatno se ceka ministerot Bedzeti da go zavrs
jovan, 25.07.2012 10:25:34
Da ne ve cudi deka za mnogu raboti ima *propeano* i samiot brat Ljube. Sega dodeka e zad resetki, kojznae sto sve nema da kaze i priznae, a ima dosta za kazuvanje, pocnuvajki od 1999ta i aferata*Sileks*, pa navaka. Samo da ne se udavi vo kofa.
bitolcanec, 25.07.2012 10:35:08
Vo ovoj slucaj vladata so eden udar ubi 2 muvi. Prvo-go zaplashuva sekoj sto ke pomisli poinaku od niv,so primerot na Boshkovski,demek sekoj sto ke ni svrti grb ke pomine isto kako nego. Vtoro-sto e uste povazno,odbran e momentot koga regulatorite(citaj vladata)nosi odluka za poskapuvanje na strujata za nad 10 %,sto e uste eden ogromen udar za budjetot na sekoe semejstvo vo drzavata.i seto ova ke mine niz mala vrata zosto narodot ke si ima top tema-dali Boshkovski e ubiec ili ne. Pa zarem ne ja procitavte ovaa vlada kako raboti? Kolku pobrzo se svesti narodot tolku pobrzo ke se spasime od tonenje.
Itar Pejo, 25.07.2012 11:15:04
Vo civilizaraniot sveat, vo vakov slucaj koga se apsat luge za zlocin od pred deset godini, se objavuvaat i faktite. I kako kuriozitet. Kako se doslo do novi soznanija. Vo Makedonija nisto ne se razbra ni za grozniot zlocin pokraj ezeroto. Zatoa normalno e deka lugeto ce mislat deka se raboti za nekoja mahinacija.
Ilija, 25.07.2012 12:22:43
Ако навистина го сториле ова убиство треба да одговараат пред зааконот,ама ако е некоја политичка местенка,тогаш навистина е срамота и оваа власт никогаш нема да види бел ден
eli, 25.07.2012 14:06:46
ovaa e zamajuvanje na narodot posto loso pomina transverot na natalija ivceva g-ga boskovska ja obelodeni vistinata za sto stanuva zbor site doznaa a plus i natalija i se zakanila pa ajde sega ljube ke go kaznime sao dozivoten zatvor i toa za dela od pred 10 god za koi doprva se zimaat izjavi pa ovaa nikade go nema prozirno namesto so tekovni problemi da se zanimavaat cela strumica izgore vcera ovaa bese nesto najvaznoto za mak.narod do koga vaka zamajuvanje

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 24°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Британците сo интересна и пред се' музички илустративна церемонија...
Денот на отворањето почна со ѕвонење на илјадници ѕвона
Први се огласија големите ѕвона на кулата часовник Биг Бен, покрај зградата на британскиот Парламент и брегот на Темза, ...
Усеин Болт посакува четири олимписки злата
Свеченото отворање ќе ги засени големите пропусти!
Камерон: Олимпијадата е најголемата безбедносна операција во мирно време
Торп во Лондон како коментатор
Грчка олимпијка расно навредувала на „Твитер“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |