Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.07.2012, 19:53

Поглед

Време е за „Охридско лето“

Тина Иванова

Јули и август се месеци во кои времето за уживање треба да се помине на „Охридско лето“. Ова е фестивал кој се смета за најголемото културно дефиле во земјава, а своето високо реноме и пред меѓународната јавност веќе одамна го стекна. Како што на самиот старт пред пет децении бил замислен од неколкумина културни дејци да биде собиралиште на најголемите домашни и светски имиња од областа на културата, претежно од музиката и тоа онаа класичната, така е и денес.

„Охридско лето“, како што можеби тоа се случува со сите големи, масовни културни организации и во светот, имаше и има свои падови, покрај големите уметнички подеми, поминуваше низ разно-разни премрежиња, често беше вметнуван и во политички контекст, а во последниве години неговите непромислени кадровски промени беа поголема тема и од самите негови содржини. Неговата програмската концепција исто така знае понекогаш да подметне.

Но, како и да е, овој фестивал умее да привлече публика. И тоа, освен на отворањето, кое без разлика на естетско-уметничките квалитети секогаш е поврзано со најава за некакви спектакли проследени со парада и гламур, знае да ги намами оние вистинските љубители и познавачи на уметноста.

Годинава, барем што се однесува на неговата прва половина, „Охридско лето“ имаше одлична посетеност. Специфичноста во тоа не е само присуството на странските туристи кои станаа белегот на овој фестивал, туку посетителите кои доаѓаа во Охрид единствено за некои од содржините на „Охридско лето“. Така беше, на пример, за концертот на Мишел Камило, така беше за претставата „Питачка опера“ на Албанскиот театар, така веројатно ќе биде и понатаму.

Токму поради дел од квалитетната уметничка понуда, но и заради прекрасните амбиенти во кои таа се одвива, „Охридско лето“ треба да се посети. Во јули или во август.


Статијата е прочитана 368 пати.

Испрати коментар



Филе
Официјални разговори со Нимиц во неофицијален амбиент
Пожарот во Струмица усмрти двајца браќа
Лекарски вработувања
Синдикатот и Владата - два лика во едно огледало
Скопје под посебен безбедносен режим
Големо апсење на поранешни соработници на Љубе Бошкоски
„Злетовица“ ќе наводнува и ќе произведува струја
СДСМ не го менува тимот што победува

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорди во пливање за Волмер и Ван дер Бург
Кај жените Американката Дана Волмер го сруши рекордот на 100 метри пеперутка, додека Камерон Ван дер Бург од Јужна Африк...
Светски рекорд во пливање за Шивен Је од Кина
Hа патеката од 400 метри мешано, 16-годишната пливачка од Кина Шивен Је постави нов светски рекорд и освои златен медал...
Првиот златен медал за Силинг Ли од Кина
Силинг Ли го освои првиот златен медал на Игрите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушна пушка...
(ФОТО) Отворање на Олимписките игри во Лондон
Усеин Болт посакува четири олимписки злата

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |