23.07.2012, 13:41 Тој спринтува без нозе, а девојка му е супермодел
Веќе цел месец, наведува истиот извор, Јужноафриканецот Оскар Пистоиус излегува со рускиот супермодел Анастасија Хожисова, заштитно лице на Шанел, Праде, Долче и Габана и Армани
На Јужноафриканецот Оскар Пистоиус (25), првиот параолимпиец што ќе настапи во конкуренција на атлетичари без хендикеп на едни Игри, во последно време му оди добро во животот. Спринтерот одамна ја исполни олимписката норма за настап во Лондон, но тешко му одеше со нормата што ја наметна матичниот атлетски сојуз чии претставници на крајот го вклучија во олимписката експедиција за Велика Британија.
„Њујорк пост“ објави информација дека на Писториус, атлетичар со две ампутирани нозе, добро му оди на социјален план. Веќе цел месец, наведува истиот извор, Јужноафриканецот излегува со рускиот супермодел Анастасија Хожисова, заштитно лице на Шанел, Праде, Долче и Габана, Џорџо Армани и Марк Џејкобс. Двојката првпат беше видена како разменува нежност во Њујорк, пишува „Њујорк пост“.
|