23.07.2012, 11:38 Спиеше со момчето и остана без Игри
„Го прекршив правилото што го почитуваат сите девојки. Точно, моето момче доаѓаше во соба и мислев дека никој не знае за посетите. Знам дека ќе бидам казнета за ова“, рече Маркез на прес конференција
Најдобрата поединка во кошаркарската репрезентација на Бразил, Изијан Кастро Маркез нема да настапи на Игрите во Лондон бидејќи неколку ноќи минала со нејзиното момче, а средбите од таков вид се забранети во тимот за време на подготовки. Сама призна дека е виновна и за бразилските медиуми порача дека правилата се носат да се почитуваат и дека таа не умеела во тоа.
„Го прекршив правилото што го почитуваат сите девојки. Точно, моето момче доаѓаше во соба и мислев дека никој не знае за посетите. Знам дека ќе бидам казнета за ова“, рече Маркез на прес конференција.
Бразилските медиуми кои во минатото не беа во добри односи со споменатата кошаркарка, веднаш ја споредија со фудбалските ѕвезди како Ромарио и Марио Балотели.
„Изијан не е дисциплинирана. Таа е индивидуалец на кого не мју е до екипата токму како Ромарио и Балотели. Во последно време ветуваше дека ќе го промени тоа во себе, но не успеа“, пишуваат медиумите ширум Бразил.
Бразилките сега се соочуваат со проблем на Игрите затоа што е доцна да повикаат 12 кошаркарка. Покрак тоа, екипата во најголем дел на подготовките се потпираше на Маркез.
|