23.07.2012, 17:12 Дејвис и Далман остануваат во МЗТ Скопје
За дебитанската сезона во АБА Јадранската лига, МЗТ Скопје задржа уште еден играч од минатогодишниот состав. Челниците на клубот, заедно со стручниот штаб, одлучија да ги продолжат договорите со Американците Кејд Дејвис и Ноа Далман.
Од странските засилувања „сино-белите“ ја продолжија соработката со Игор Мијајловиќ и тоа непосредно по завршување на шампионатот.
За дебитанскиот настап во АБА Јадранската лига и одбрана на двете круни во домашното првенство, МЗТ Скопје планира да го засили својот состав со уште двајца Американци. (М.К.)
|