23.07.2012, 14:08 Запленети 10.000 лажни олимписки знамиња
Во полициска акција на аеродромот „Хитроу“ во Лондон беа запленети 10.000 лажни олимписки знамиња. Првичните информации упатуваат дека пратката пристигнала од Кина и дека штом заврши истрагата, нејзината содржина ќе биде уништена. Вредноста на конфискуваните лажни знамиња се проценува на 150.000 долари, а нивната тежина изнесува 800 килограми. Од компанијата што е сместена во Лондон и за која беа наменети пакетите се правдаат дека не знаеле дека се работи за незаконски производи.
|