23.07.2012, 16:55 Локализирани повеќе пожари во Македонија
Повеќе пожари низ неколку региони во Македонија се локализирани како резултат на соработката меѓу екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, локалната самоуправа и граѓаните.
Меѓу селата Горничет и Ума во Гевгелиско гори нискостеблеста и дабова шума на поголема површина, но огнот е локализиран. На терен се 40 вработени во ЈП Македонски шуми, 20 од Општина Гевгелија и едно противпожарно возило со екипа на противпожарната служа.
Нискостеблеста шума гори и во гостиварското село Лакавица, на потегот кон месноста Митрови Крсти. Пожарот е локализиран, но попладнево е повтроно намерно активиран. На терен се пожарникари со едно противпожарно возило, двајца вработени во Македонски Шуми и месното население.
Багрем, даб, трева, овоштарници и една плевна се опожарени во село Градец, Крива Паланка. На терен се 15 лица од Македонски шуми, 10 од противпожарната единица и локално население, две возила и една цистерна. Пожарот со поголем размер се шири кон селото Габар, но е локализиран.
Локализирани се и пожарите во селата Стрима, Билјаново и Долно Коњари, Кумановско, општината Петровец кај Катланово, селата Сиричино и Туденце, општина Јегуновце,..
|