23.07.2012, 15:03 Средовечен маж се фрлил под воз кај Могила
Битола - Маж на возраст од педесеттина година се фрлил под возот во близина на пелагониското село Могила. Од полицијата во Битола велет дека станува збор за самоубиство, и дека се уште не можат да го утврдат идентитетот на загинатиот бидејќи во себе не носел ниту еден документ за лична идентификација.
Железничката несреќа се сличила нешто по 10 часот со патничкиот воз кој сообраќал од Скопје кон Битола.
Прегазениот маж се претпоставува дека е на возраст од околу 50 години и дека потекнува од околните села. Која била причината за на ваков начин да посегне по сопствениот живот ќе покаже истрагата. На местото на несреќата излегла полициска увидна екипа, истражен судија и заменик јавен обвинител, кои ги истражуваат причините за несреќата. (А.Б.)
|