23.07.2012, 10:28 Затаило оружјето, масакрот можел да биде и покрвав
Затаила полуавтоматската пушка која можела да испалува 50-60 куршуми во минута
Масакрот извршен во кино во американската сојузна држава Колорадо, во кој настрдаа 12 луѓе, според истрагата можел да има уште потешки последици. Осомничениот убиец Џејмс Холмс утре првпат ќе се појави пред суд.
Според извештај на весникот „Вашингтон пост“, полуавтоматското оружје на 24-годишниот извршител на убиствата во Аурора се закочило, инаку тоа има можност за испалување 50 до 60 куршуми во минута. Осомничениот Џејмс Холмс освен тоа во петокот употребил и пиштол и ловечка пушка.
Нему речиси ќе му успеело и бегство од местото на настанот, пишува весникoт. Претставник на полицијата изјавил дека по нападот Холмс се обидел да се претстави како полицаец на специјалните сили во цивил и на таков начин да побегне. Многу прашања инаку и натаму остануват отворени. Во станот на Холмс полицијата го открила неговиот компјутер, кој момемнтно го испитува ФБИ. Истрагата се надева преку него да дојде до важни информации за сторителот и неговото дело. Станот на Холсм бил обезбеден со бројни експлозивни стапици, па полицијата мораше дури по нивното деактивирање да започне претрес.
Медиумите јавуваат дека осомничениот неколку недели пред масакрот се обидел да се зачлени во приватен стрелачки клуб, но не бил примен, зашто на сопственикот му изгледал чудно.
Два дена по масакрот, американскиот претседател Барак Обама ја посети Аурора и преживеантите во болницата.
|