22.07.2012, 20:41 Да се купи стан на кредит или да се плаќа кирија
Според пресметките на „Утрински весник“ излегува дека ратата за кредит за стан е речиси идентична со месечниот надомест за живот под кирија
Соња Маџовска
Живот под кирија или да се купи стан на кредит и да се отплаќа со години? Која варијанта е поприфатлива за македонските граѓани.
Додека најголемиот дел од Европејците преферираат да живеат под кирија, бидејќи цената за квадратен метар е превисока, кај нас повеќето граѓани се решаваат да купат стан на кредит, наместо цел живот да плаќаат кирија, а притоа парите да им одат во ветар.
И покрај стресот при отплатата, 90 отсто од становите во земјава се купуваат на кредит. Опцијата да се купи свој стан е сепак поисплатлива. Според пресметките на банкарите, за станбен кредит од 30 илјади евра, кој се отплаќа 30 години, месечната рата обично достигнува до 200 евра, а толку изнесува и киријата за еднособен стан во Скопје. Па така, ратата за кредит за стан е речиси идентична со месечниот надомест за живот под кирија.
Значи прашањето е дали да се дадат 200 евра за рата или 200 евра за кирија?
Граѓаните велат дека со станбен кредит работниот век поминува под стрес плаќајќи секој месец рати во недоглед, но сатисфакцијата е што станот ќе остане во ваши раце.
„Неколку години живеев под кирија и за стан од 60 м2, ненаместен, плаќав секој месец по 230 евра. Долго време се обидував да земам станбен кредит и се распрашував во сите банки, каде што се најповолни условите. Она што најмногу ме кочеше да ја реализирам идејата беше високиот процент на учество што го бараат банките кој изнесува од 30 до 50 отсто од вредноста на станот што се купува. На крајот едвај успеав да соберам со помош на роднините пари за учество и зедов станбен кредит. Сега плаќам помалку за рата отколку што плаќав кирија и сепак сметам дека направив вистински чекор, затоа што станот еден ден ќе биде мој. Конкретно, ратата за кредитот изнесува 170 евра месечно. Зедов кредит во износ од 23 илјади евра со рок на отплата од 20 години“, вели една скопјанка. Потешкотии со кои што се соочуваат кредитобарателите, се сепак долгите процедури додека се одобри кредитот, кои траат најмалку еден месец.
Дополнителен проблем е што банките најчесто бараат кокредитобаратели, а тие е пожелно да бидат вработени во државната администрација. Освен тоа, станот што се купува се става под хипотека, што значи дека мора да се направи проценка на станот, преддоговор на нотар, и други административни процедури. Овој пат мора да го изодат сите што земаат станбен кредит.
Граѓаните коментираат дека иако станбениот кредит значи голем товар за семејниот буџет, а во периодот на исплата постојано е присутен притисокот дека прво мора да се плати ратата за кредит, па после се' друго, сепак се решаваат на овој чекор.
Други, пак, велат дека со години живеат под кирија и не сакаат да земат станбен кредит, бидејќи не можат да соберат пари за учество.
Во охрабрувањето не помогна многу ниту проектот на Владата „Купи куќа-купи стан“. Иако се очекуваа над 2.000 барања уште во првиот бран, кој почна на крајот на јануари, само 50 успеаја да ги исполнат условите на Владата и на банките.
Решавањето на станбеното прашање е еден од најтешките проблеми, особено за младите брачни двојки. Секој сака да дојде до свој покрив над глава, но прашањето е што е наједноставно и најисплатливо. Младите најчесто се решаваат да купат стан на кредит, но само доколку им помогнат родителите со пари за учество, па останатото го плаќаат сами од нивните скромни плати.
Пресметка за станбен кредит од 30.000 евра
Побаравме пресметки за станбен кредит во двете најголеми банки, Стопанска банка и Комерцијална банка.
Во Стопанска банка велат дека за кредит од 30.000 евра, со 30 години рок на отплата и гарантирана каматна стапка од 5,85 отсто за првите 3 години, ратата изнесува 177 евра месечно, а во останатите години на отплата со променливата каматна стапка која во моментов изнесува 7,25 отсто за клиенти кои платата ја примаат преку Стопанска банка, ратата изнесува 204,65 евра.
Сепак од банката велат дека за најдобра пресметка клиентите е потребно да дојдат во една од филијалите на банката и во консултација со советникот за станбени кредити да изработат пример амортизационен план. „Во изминатиот период, благодарение и на сезоната и на промотивните активности на банката, интересот за станбени кредити е во постојан пораст. Богатиот избор на опции кои се понудени на клиентите – денарски, девизен, за станови во изградба, за купување на деловен простор и слично, предизвикуваат интерес кај клиентите да го решат станбеното прашање и да се одлучат за станбен кредит кој не го оптоварува семејниот буџет“, информираат од Стопанска банка. Од таму додаваат дека согласно со нивните анализи, просекот за станбен кредит изнесува околу
27 до 28.000 евра, а рокот на отплата е 18 години. Но, за да се добие овој просек, станбените кредити варираат и во износот и според годините на отплата, зависно од потребите на клиентите. Од оваа банка велат дека просечно месечно банката процесира околу 80 до 100 станбени кредити, а клиентите кои користат станбени кредити се едни од најревносните плаќачи. Бројот на кредити, пак, за кои се реализирани недвижностите заради неможност на отплата на обврските, е еден кредит на 1.000 исплатени кредити.
За станбен кредит со евроклаузула во Комерцијална банка на износ од 30.000 евра со рок на отплата од 30 години, месечниот ануитет изнесува 196,50 (пресметката е извршена според условите за кредитоважечки во моментот). „Побарувачката за станбени кредити во последните неколку месеци е со вообичаена динамика за овој период од годината, при што е забележан зголемен интерес за станбените кредити со воведување на новиот станбен кредит со евро клаузула на банката“, потенцираат од Комерцијална банка.
Разликата меѓу киријата и кредитот е учеството за стан
За стан во Скопје од 60 квадрати киријата се движи од 200 евра па нагоре.
За овој стан кираџијата за 30 години ќе плати вкупно 72.000 евра, под услов во меѓувреме да не се зголемат кириите. Толкава е и сумата што ќе се плати за кредит од 30.000 евра на 30 години. Сепак, при купување стан, покрај тие 30.000 евра кредит, потребни се уште најмалку од 20.000 до 30.000 евра за учество.
Ако се земе пресметка за стан од 60 квадрати по цена од 1.000 евра за квадрат, значи тој ќе чини 60.000 евра. Ако кредитот е 30.000 евра, потребно е учество од уште 30.000 евра. Вкупно овој стан од 60 квадрати клиентот заедно со учеството и отплатата на ратите ќе го чини 102.000 евра. Што значи дека разликата меѓу купен и изнајмен стан е учеството што треба да се плати за купениот стан или околу 30.000 евра.
Иако пресметката за купување стан на кредит на прв поглед изгледа застрашувачка, дека за стан од 60 квадрати треба да се платат 102 илјади евра, прашање е и дали каматата ќе остане иста заради инфлацијата и на крајот сепак станот останува во ваша сопственост.
При оваа пресметка мора да се има резерва, бидејќи претпоставка е дека каматата би останала иста и во наредните 30 години, што е малку веројатно. Исто така, банкарите велат дека најчесто оној што зема станбен кредит со долг рок на отплата, доколку во меѓувреме дојде до поголема сума пари, ги уплаќа, со што по негов избор или му се намалува ратата, или годините на отплата.
Од Агенциите за недвижности пак, велат дека ретко се наоѓа стан под кирија за 200 евра, и во просек наемот е околу 300 до 350 евра. Се' зависи од тоа во кој реон се наоѓа станот, дали е наместен или пра��ен.
Искуството на Агенциите потврдува дека оние што имаат пари за учество, околу 30 отсто од цената на станот, и се кредитоспособни, најчесто се решаваат да купат стан, додека оние што немаат ниту пари за учество ниту се кредитспособни, немаат друг избор освен да одат под кирија.
|
|
Статијата е прочитана 6903 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 23.07.2012 00:02:57 | Odgovorot e ednostaven. Podobro otplakaj kredit, negoli kirija. Normalno, dokolku se ima ucestvo za kredit. |
| Itar Pejo, 23.07.2012 00:10:15 | Dali i vo Makedonija se ocekuva finansiska katastrofa kako vo SAD. Covek treba da bide sosema lud za da zeme kredit na 30 godini so promenliva kamatna stapka? Koj vi garantira deka idnite 30 godini ce pecalite dovolno za da mozete da gi odplatuvate verijabilnite rati? Samo nie, vmrovcite, mozeme da veruvame deka naskoro site i za navek ce bideme vraboteni vo administracijata. |
| Gabriel, 23.07.2012 00:33:16 | Promenliva kamatna stapka od 7,25 vo momentot, koga kamatite vo Evropa se na najnisko nivo voopsto - e lihvarstvo i kradenje. Evropskata banka ja snizi kamatnata stapka na 0,75% i zatoa bankite vo Avstrija i Germanija nudat kamati od 2,3 do 3,6% I TOA FIKSNI, a ne promenilivi kako lihvarite nareceni banki vo Makedonija. Pozdrav od Avstrija |
| Mitre, 23.07.2012 03:21:51 | 1,1% varijabilna I fiksna 1.1% prvata godina I 1.5% vtorata godina!
Vo Makedonija ne e lihvarstvo tuku e javna pljacka!
Pozdrav od Singapur |
| Urbana mafija, 23.07.2012 04:08:29 | Celata rabota e povrzana so urbanata mafija I zatoa cenite se visoki,za nekolku godini ke ima nemiri od seriozen karakter( da ne kazam graganska vojna ) I togaj cenite ke padnat fino-lepo I site srekno si ziveele! |
| Batule, 23.07.2012 05:18:14 | Bankite vo Makedonija se golemi aramii. Ovde vo Kanada ucestvoto e 10% bez garanti .Bankata e sama garant za kreditot.Kamatite se 2-3 % arno ama vrednosta na stanot za 60 m2 e okolu 200.000 evra. Otlatata za 20 -25 godini kosta okolu 500-600 evra.,mesecno a kirijata ista kako otplatata.Napravete razlika.Zgolemuvanjeto na cenata na stanot e 2-3 % dodeka na kucite e 10-15 % godisno.Sekoe kupuvanje stan a ne kuca e cista zaguba.Kupuvajte kuci ne stanovi dodeka ste pomladi.Stanovite se za postari lica ili za samci. |
| citatel, 23.07.2012 05:41:20 | ne samo sto kamatite se ekstremno visoki , bankite mnogu tesko davaat krediti.Uslovite sto gi postavuvaat se takvi da najcesto moze da gi ispolni samo toj na koj sto i ne mu treba kredit taka sto ova e dzabe zborenje , lugeto plakaat kirija zosto ne moze da dobijat kredit da kupat stan |
| ФЕЛИКС, 23.07.2012 06:49:09 | Разликата е,,мала ама интересантна,,Со кредит се нема ништо што да се остави во наследство на своите потомци,сем киријата.Плус нормално разно-разни релации сопственик-кираџија,кој во многу случаеви му го загорчува животот на подстанарот.Инаку од прочитаниве коментари оној 10мин. и 15 сек.после полноќ е квалитетно интересантен.Тој државата би ја дал под кирија без име и адреса а камоли да има сопствено нешто. |
| EU, 23.07.2012 07:52:37 | Makedoncite 90% poseduvat privatni stanovi i kuci,
vo zapadnite zemji e obratno.Mada na zapadot momentalno kamatniti stopki se dvizat od 2-3%,oni nekupuvat stanovi poradi nivnite nestabilni brakovi (sekoj vtor e razveden).Toa e razlikata izmedju zapadot i MK!. |
| Трпе, 23.07.2012 08:22:25 | И на врапчињата им е познато многу поодамна дека свое си е свое.Недвижнината останува и во наследство.Но никој не знае колку му е сигурно работното место и платата.Дали на крај треба станови да се купуват за банките.Далии некој знае за македонски стандард што значат задолжителен долг месечно од 200 евра. |
| Mirko, 23.07.2012 09:09:52 | Se e ubavo napisano, ama nikade nema kazano, kolku na raj ke iznesuva kompletna kamata. Po moja slobodna procenka e duplo. Ako baras 30 iljad, na kraj ke vratis 60 iljadi. Pa sega vidi go esapot. |
| mkd, 23.07.2012 09:10:14 | Realno se slicni no sepak popovolno e pod kirija bidejki za sopstven stan ima i ekstra trosoci kako danok na imot,renoviranje i odrzuvanje...Vtoro mozno e kapitalna zaguba ako naglo padnat cenite na kvadratot.
Problemot so kreditot e deka nikoj ne ti garantira deka ke gi imas istite prihodi i ponatamu i sekako ucestvoto. |
| Zarem ushte nekoi ne izvadile knishka od DPMNE?, 23.07.2012 09:49:57 | Da se kupi! Se razbira vo kesh. A kako? Bidi chlen na DPMNE, pa ke doznaesh. |
| Zoran, 23.07.2012 10:07:52 | Математички, поисплатливо е кирија, дефинитивно. Новинарот слабо истражувал...
Кредит од 35.000 евра на 20 години има месечна рата од 265 евра ( од Стопанска банка, што лично го имам ), значи за 20 години на банката вракаш скоро 70.000 евра. За тие пари може да се купи само гарсоњера/еднособен стан, каде што доколку би живеел под кирија, би плакал за ненаместен, цца 100 евра месечно. Значи рата = 265, кирија = 100 евра. Доколку се живее под кирија и разликата 265-100=165 се орочува во банка со камата од цца 4%, за 20 години ке има сума од цца 45-50.000 евра. Значи , после 20 години, ако живееме дотогаш под кирија, ке се има пари за нов, НЕАМОРТИЗИРАН, стан и ке останат пари ( што во случај на кредит одат кај банката, нели ). Интересна математика, пробајте. Друго е психолошката предност, што знаеш дека е твој стан, нема расправии со газни, покачувања на кирии кога ќе им текне, селење со еден куп ствари и сл. |
| deniskopje, 23.07.2012 10:35:41 | До Габриел
Споредуваш само активни каматни стапки. Спореди ги и пасивните. Во Македонија стапката за ЕУР на 12 месеца е од 2,8-4,2% годишно. Објасни која банка до Македонија ќе плаќа 4% на депозит и да одобрува кредит со 2-3%? нашите банки имаат повисоки активни камати затоа што мораат да привлечат депозити со истот така повисоки камати од тие во европските земји. Најголем дел од гастарбајтерите ги донесоа своите пари во МКД токму заради повисоките % одколку во земјите во кои работат. |
| stanar, 23.07.2012 10:56:09 | Банките да ги намалат каматите од 7,25 променлива каматна стапка на 2,5 фиксна каматна стапка така ќе го зголемат бројот на корисници ка кредит за 1000 %. Преку примерот ако се зема кредит од 30.000,00 евра 30 години со тие услови кои се наведени во текстот, на тие 30.000,00 треба да платите камата 42.678,00 евра (вкупна сума 72.678,00 евра). Затоа никој не се обидува да зема кредит од банките под тие услови односно каматата е толку голема што со нема може да се купи уште еден стан!!Корисникот на кредититот покрај за себе и купува стан за банката тоа никаде го нема само во Македонија! |
| aus, 23.07.2012 12:34:03 | Komentar ne e potreben, ... samo
Ucestvo za kupuvanje na stan vo Avstralija e 5 %.
|
| Tina, 23.07.2012 13:33:37 | Se zavisi kolkav e % na kredit, i kolkava e taksa
na kirijata. |
| млад семеен човек, 23.07.2012 16:23:23 | И сега по незнам кој и не последен пат ќе го напишам следново: ако во сите банки условите за кредит се горе доле исти (значи ги договараат) и неповолни за нас клиентите, ајде и ние да се договориме на следново: дека ние како нација мин. 2-3 месеци никој ама баш никој нема да подига кредит од ниедна банка па да видат дека и ние сме сложни и дека со нас неможе да си играат и да не дерат а ние да си ќутиме само, ако и тоа не даде резултет тогаш не знам како да се справиме со нив. Дајде коментар сакам да го слушнам вашето мислење за предлогов. |
| umen, 23.07.2012 16:55:22 | 1% од вредноста на кредитот(30.000еу!!!=300еу!!!) ќе ти земе банката само како такса при одобрување на истиот,башка другите трошоци па сега ти види :-( |
| deniskopje1, 23.07.2012 18:23:56 | Видете ги каматите во соседството (http://ubb.bg/en-US/Calculators/MortageCalc/264), банката е дел од НБГ на која припаѓа и Стопанска банка. Доколку се намалат каматите на депозитите, на нивото како во Европа, банките ќе немаат од каде да доделуваат кредити бидејќи депозиторите ќе си ги повлечат и ќе ги однесат таму каде каматата е поголема. Нашите од туѓината ги носат парите дома затоа што камата е двојно поголема од таа во земјите каде работат. Најголем извор на средства за работа на банките се токум депозитите. |
| dragan, 23.07.2012 23:43:56 | https://onlineservices.bawag.com/kredit/kredit.Application/Application.html poglednete sami kamatni stapki vo avstrija |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Претежно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|