Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
18.07.2012, 15:13
Конкурсот за необјавена поема „Григор Прличев“ трае до 30 август



„Детска радост“, која го организира конкурсот по 20. пат, ја доделува наградата „Григор Прличев“ и 1.500 евра

Дваесеттиот јубилеен конкурс на „Просветно дело“ АД, Редакција „Детска радост“ од Скопје за најдобра необјавена поема што ја носи престижната награда „Григор Прличев“, а кој се отвори во февруари, ќе трае до 30 август. Имено, писателите се' уште имаат можност да ги завршат своите дела и да конкурираат на овој единствен конкурс од ваков вид кај нас, кој со години придонесува за негување на овој литературен жанр и за поттикнување на авторите да се охрабрат и да се обидат во ваквиот доста тежок и специфичен литературен вид.

Конкурсот, кој оваа година ја слави својата 20-годишнина, Редакцијата „Детска радост“ го организира заедно со Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид во чест на големиот македонски поет. Традиционално, доделувањето на наградата се одвива во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“, која секоја година се одржува на почетокот на февруари во Охрид.

Да потсетиме дека во однос на темата на поемите нема никакво ограничување, туку секој автор ја избира по слободен избор. Единствената пропозиција што мора да се почитува е делото да не биде помало од 912 стихови, колку што беше и антологиската поема на Прличев „Сердарот“. Конкурсот е анонимен, а за наградената поема одлучува тричлено жири составено од стручни лица, кои ќе го објават добитникот до 5 октомври.

Според правилата на конкурсот, авторите своите дела треба да ги испратат во четири примероци под шифра. Организаторите се обврзани наградената поема да ја објават во посебна книга до следната манифестација „Прличеви беседи“. Паричната награда изнесува 1.500 евра, а добитникот ја добива и повелбата „Григор Прличев“ и се прогласува за „Поета лауреатис“. (С.У.)







Статијата е прочитана 689 пати.

Испрати коментар



Богатство од 38 милиони долари „исплива“ од морското дно
Почнаа подготовките за „Крушево - етноград“
Водителот на „Топ гир“ - најплатената ѕвезда на Би-Би-Си
(ФОТО) Храбра пародија на нашата политичка реалност
Почнува шестиот „Локумфест“ во Битола
„Архелаос“ на Плевнеш и Цветановски премиерно во Стоби
„Зa Mакедонцките работи“ на Мисирков на германски јазик
Ристо Василевски на фестивал нa поезијата во Франција
Американската „златна младина“ на Инстаграм открива како живеат богатите деца
Пронајдени останките на Мона Лиза
Антонио Бандерас бара прошка од сопругата Мелани Грифит
Милчо Манчевски во жири во Венеција
Календарот на Пирели за 2013. без голи убавици
(ФОТО) Сто пати браво за Мишел Камило
Руските солисти Борис Бровцин и Анастасија Волтчок вечер на „Охридско лето“
Ума Турман роди ќерка на 42 години
САД одбележуваат 110 години од производството на првиот климатизер
Мариса Мајер од „Гугл“ е новиот генерален директор на „Јаху“
Почина легендарниот клавијатурист на „Дип Парпл“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 18°C

Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |