Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.07.2012, 19:57

Тачи во сојуз со Црвенковски

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи на претстојните локални избори ќе коалицира со најголемата опозициска партија на Македонците, СДСМ. Тоа е одлука на Централното собрание на ДПА, донесена на вчерашната седница во Тетово.

Луан Треси, претседател на тетовскиот разгранок на ДПА соопшти дека Централното собрание едногласно ја поддржало одлуката за коалиција со СДСМ. Таа одлука, како што рече Треси, произлегува од договорот што го постигнале лидерите на ДПА и на СДСМ, Мендух Тачи и Бранко Црвенковски.

„Двете партии ќе настапуваат со заемна поддршка на кандидатите за претстојните локални избори. Тоа значи дека во општините каде што не ќе може да победи кандидат Македонец, СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ДПА. И обратно, во оние средини каде што не може да победи Албанец, ДПА ќе ги повика своите членови и симпатизери да гласаат за кандидатот на СДСМ“, рече Треси.

Црвенковски и Тачи долги години беа жестоки противници, но нивните несогласувања почнаа да спласнуваат по растурањето на коалицијата меѓу ДПА и ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година. Според најавите, лидерите на СДСМ и на ДПА треба да се сретнат утре, при што се очекува да се потпише договор за коалициска соработка.

На седницата на Централното собрание на ДПА присуствуваше и почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери. Запрашан како ги коментира изјавите на лидерот на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски, Џафери рече: „Кога немате конкретно решение за грст проблеми со кои се соочува Македонија, сигурно е дека таквите мислења тлеат. Георгиевски е малку поискрен од другите политички лидери. Тој зборува отворено, онака како што се зборува и по сите домови, во сите кругови, со тоа што таквите разговори се неформални. Георгиевски изнесува едно стојалиште кое во Македонија веќе постои“, изјави Џафери.


Статијата е прочитана 356 пати.

Испрати коментар



Склекови за пред камери
Уште еден обид на Нимиц да ги доближи Скопје и Атина
Нов бран во дипломатијата
Стартува најголемата гринфилд-инвестиција во Кавадарци
Апетитите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ засега се кријат



ФЕЛИКС, 17.07.2012 06:27:01
Така и треба,на купче конфедералист,домашен преселувач на дел од нацијата и познавач на Албанскиот апетит за освојување територии и нормално поврзувачката нишка во ликот на Шатевскиот илузионист.Желбите се нивни но на терен богами желбите на електоратот се сосема поинакви.Ова трио сака по секоја цена власт,а електоратот сака да им го види грбот во заминување.
citatel, 17.07.2012 08:27:09
A sto e so drugoto kupce druze, soku, gospodine Srecko. Ili toa vase drustvo na graditeli na bisti na Aleksandrovci i Radevci, na golemi Slobodanovi obozavateli, na crtaci so nozevi po covecka koza, vie gospodine Felikse avtenticno go protolkuvavte deka tozi dupka ne e dupka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 8 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Двајца спортисти на Олимпијадата ќе настапуваат самостојно и нема да претставуваат ниту една држава...
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Организаторите се уште доцнат со водоинсталатерските работи во Олимпиското село, па спортистите немаат вода за пиење
...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР
Брајант не може да замисли да не освои злато
Трудница на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |