08.06.2012, 17:13 Ниту Иванов не оди на инагурацијата кај Николиќ
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов им се придружи на шефовите на земјите од регионот, кои нема да присуствуваат на понеделничката инагурација на српскиот претседател, Томислав Николиќ. Од кабинетот на Иванов не сакаат да соопштат кои се причините за ваквата одлука. Напоменуваат дека во петок, Иванов заминува за Белград каде ќе учествува на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Предходно, и претседателите на Хрватска, Босна и Херцеговина и на Словенија одбија да допатуваат во Белград кога Николиќ ќе ја превзема должноста. Според нив, новиот српски претседател го сменил речникот, но остануваат времето да покаже дали се откажал од великосрпските идеали, со кои се гордееше во минатото. Меѓународната заедница му забележува на Николиќ што се' уште не го признава геноцидот во Сребреница. (Г.А.) |