16.07.2012, 09:40 Георгиевски не се откажува од Тодор Александров
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ зборува за различните ставови со СДСМ во поглед на конроверзниот Александров
Горан Адамовски
Актуелната власт има опсесија за ревидирање на историјата, а единствената добра работа и' е рехабилитацијата на Тодор Александров. Ако дојдеме на власт, со споменикот и со улицата што го носат неговото име, не би требало да се случи ништо, иако имаме спротивни гледишта со СДСМ во поглед на Александров. Тие разлики ќе останат и во случај на коалиција, но поентата е да ги омекнеме ставовите, да ги слушнеме и спротивните размислувања. Ова се дел од поентите на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, со кого разговаравме во неговиот кабинет во ВМРО-Народна партија.
Дали Владата ја ревидира историјата, како ја оценува улогата во македонската историја на контроверзниот Тодор Александров, дали тој заслужува рехабилитација, како ќе се изменаџираат разликите околу Александров на СДСМ и на ВМРО НП, кои претендираат на соработка, се дел прашањата што ги поставивме до Георгиевски.
„Очигледно дека актуелната власт има опсесија за ревидирање на историјата. Тоа ревидирање на историјата го гледам во три пункта. Прво, во менување на националната историја. За три години, од Словени не' направија Антички Македонци што не им успеа ниту на фашистичките земји, на кои им требаа дваесет години за тој процес да го истераат до крај. Второ, е се' она што се случува во овие дваесет години самостојност и независност, комплетно ревидирање на настаните и на луѓето што нешто значеле во овие 20 години. Третата желба за ревидирање на историјата се гледа во самото ВМРО-ДПМНЕ. Едноставно, своите комплекси ги покажуваат секој ден. Меѓутоа, не ми е јасна толкава потреба и фиксираност кон историјата, кога народот од една политичка партија бара иднина, а не историја“, смета поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога е во прашање Тодор Александров, Георгиевски жали што македонското општество се' уште не може да надмине иделошките разлики што останале од времето на југословенската комунистичка историографија.
„Секој објективен критичар не може да не се согласи дека нема македонско прашање меѓу двете светски војни без Тодор Александров. Тој е главниот човек, кој го држел отворено македонското прашање и активно се борел за независна и самостојна Македонија“, смета тој.
Вели дека споменикот и улицата со негово име се една од ретките добри работи на оваа власт што ги направила со промената на имињата на улиците. Сепак, забележува дека не му е јасно зошто властите немаат храброст да признаат дека споменикот во Кисела Вода е на Алекандров. Се чуди што изминатите две децении, Македонија не нашла сила да ги смени улиците што потсетувале на поранешна Југославија, давајќи им значење на личности што воопшто не се поврзани со македонската историја. Нема дилеми ниту околу рехабилитацијата на Александров.
„Ако вие на некоја личност му направите споменик или му дадете име на улица, тогаш вие де факто сте го рехабилитирале. Јас не познавам рехабилитација на одредена личност со декларација или закон. Мислам дека преку споменикот и со улицата, веќе е завршена работата околу рехабилитацијата на Тодор Александров. Никој не им пречи на историчарите и понатаму да спорат за неговата улога, меѓутоа на едно нормално ниво и без никој да го наметнува својот став како државна критика. Добро е во Македонија да се дискутира за сите историски проблеми. Добро е никој да не ја злоупотребува власта за да ги наметнува своите историски позиции“, вели лидерот на Народна.
Неговите ставови околу Александров се сосема поразлични од оние на СДСМ. Георгиевски е свесен за тоа. Вели дека меѓу тие две партии има стотици разлики, но дека целта на евентуалната коалиција нема да биде пеглање на разликите.
„Она што сакаме да го кажеме е дека тоа можеби е и добар пат - не за надминување на разликите, туку за помеки ставови таму каде што имало разлики меѓу двете основни идеологии. Во таа насока, јас сметам дека овие разговори меѓу СДСМ и ВМРО-НП, треба да се гледаат како на една многу добра проекција не само за сегашноста, туку и за минатото. Едноставно, да сфатиме дека сите ние живееме во оваа земја и дека и таму кај што имаме разлики, треба од повеќе позиции да дискутираме без тотално да ги негираме или игнорираме фактите од другата страна. Сметам дека овие разговори може да имаат свои импулси не само кон сегашноста и иднината, туку и кон минатото. А, разликите за многу прашања остануваат отворени“, вели Георгиевски. |
|
Статијата е прочитана 2884 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Fakti, a ne zelbi!, 16.07.2012 10:36:40 | Edno e zasigurno tochno: Narodot bara idnina, a ne istorija! A shto se odnesuva do nashite *poznati* dejci, bi go zamolil Georgievski, a i Gruevski, da se rakovodat so delata i faktite, a ne namerite i zelbite na dotichnite. Konkretno, dali Aleksandrov stvori/formira makedonska drzava ili ne? Red e valjda da go slavime i pochituvame toj shto ja stvoril, a ne toj shto imal namera, bez opravduvanje na opshtestveno-istoriskite uslovi. Inache, jas imam namera i se boram za toa da ja Makedonija smestam vo granicite na Hitlerova Germanija (Evropa) ama istoriskite uslovi toa ne mi go dopushtaat. Dali toa znachi deka sum golem chovek, vreden za pochit, so mesto vo istorijata na ovoj narod. Normalno deka ne! I nie ne sme bugari, nego makedonci od vajkada, na zalost bez drzava. Tito (ne Aleksandrov) ja ispravil taa greshka, odnosno ne napravil drzavotvoren narod i toa e fakt pred koi i bogovite cutat. Zatoa treba da sme mu blagodarni i da go pochituvame. Normalno, ako sme ludje, a ne *patrioti*. |
| Ivan, 16.07.2012 11:06:36 | Како прво и основно направивте коалиција која нема иднина . Едноставно прво меѓу вас не се сложувате за многумина ставови кој ги имате поставено едни меѓу други . Второ зборувате за некој комплекс кој го имал ДПМНЕ , а не сте се погледнале самите себе , трето историјата за една држава е толку битна колку и културата во неа . Без историја нема држава , а ние имаме преголема историја кој некој не ја почитува , но тука е ДПМНЕ кој се потруди да го направи тој чин , да ја покаже својата почит кон историски��е ликови кој за нашето постоење се премногу заслужни . Така да според мене неможете да коментирате бидејќи јасно е кој исполнува и гради . Само пуштете еден поглед низ улиците во Скопје и самите ќе видите колку значат тие споменици за туристите во Македонија . |
| rasfast, 16.07.2012 14:32:25 | todor aleksandrov makedonec koj se borel za makedonija .toa e vistina |
| do fakti, 16.07.2012 16:03:18 | Makedonskite borci koi se borea vo vtorata svetska vojna se zasluzni za makedonskata drzava i za piznavanjeto na Makedoncite. |
| Ајван Доктор®, 16.07.2012 17:31:31 | Ајде,да ја воочиме контрадикторноста на тезата дека Т.Александров,бугарскиот офицер и воен разузнувач бил застапник на идејата за самостојност на Македонија!Најнапред,самата идеја потекнува од истата разузнавачка служба,а е активно користена во времето на создавањето на Југословенската држава,како некаква си доблест сè до нејзиното уривање!Зад неа се крие и вториот дел,а тоа е припојување кон „матицата“Бугарија,уште од самото создавање на БМОРК/ВМОРО!Сосема е јасно зошто бугарски државјанин се залага за остварувањето на овој Санстефански сон,како и фактот што ни се претставува како „македонски патриот“!Самиот Александров се има потопено во македонска крв до гушата!Прочитајте за ѕверското убиство на А.Стамболиски,на Сандански,на безброј невини деца,жени и невини цивили кои настрадале од нивните атентати!Побарајте ги аналите на Кралството Бугарија,во него е прецизно опишан ѕверот,со датуми и часови на извршување на злоделата! |
| Daco!, 16.07.2012 18:35:19 | Koga Ljubco go spomnuva Aleksandrov ovoj sigurno se vrti vo grobot. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 9°C
|
Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (29)Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|