Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
15.07.2012, 18:50

Судир на два титани на локалните избори

Ќе се избира меѓу добрите и лошите, меѓу црното и белото, за политичко виножито, очигледно, ќе почекаме

Наум Котевски

Големи се шансите, што е и наша интенција, на наредните локални избори да излеземе со единствени листи, односно со заеднички кандидати за советници и градоначалници, велат за „Утрински весник“ извори од ВМРО-Народна, по најавата за коалицирање на оваа партија со фронтот предводен од опозицискиот СДСМ.

Ова прагматично размислување, обременето со егзактноста на математичките операции, претставува само потврда на претпоставките дека во мај наредната година граѓаните ќе бидат сведоци, но и директни учесници во немилосрдниот судир на два политички титани. На едната страна ВМРО-ДПМНЕ, со своите коалициски партнери, на другата СДСМ со своите. Ќе се одбира меѓу добрите и лошите, меѓу црното и белото, за политичкото виножито, очигледно, ќе почекаме.

По најавите дека е можна изборна соработка меѓу СДСМ и опозициската партија на Албанците ДПА, лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети навести можност за меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ пред првиот круг од локалните избори.

Лидерот на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски, со кого разговаравме деновиве не сакаше да го коментира ваквото можно сценарио во борбата со владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои влегуваат со голема предност, бидејќи имаат контрола врз речиси две третини од општините во државава.

„Рано е да се дефинираат работите. Има време до изборите. Ние како партија влеговме искрено и релаксирано во сите разговори“, ни изјави Георгиевски, кој тврди дека нема никакви амбиции за каква било функција.

Според него, ВМРО-Народна прави реална процена, без лажно самовеличање, за што подобар резултат на опозицискиот фронт.

„Се јавуваат најразлични шпекулации. Но, позитивната атмосфера кај опозицијата допрва ќе се види. И покрај претпоставките дека наш кандидат може добро да помине во Охрид, ние сме подготвени и тој терен да му го оставиме на СДСМ“, дополнува Георгиевски, на чии полици во канцеларијата, меѓу другите книги, стои и онаа на првиот претседател Киро Глигоров - „Македонија е се' што имаме“.

Експремиерот вели дека не разговарал со СДСМ и околу можниот кандидат кој би му се спротивставил на Коце Трајановски во Скопје, а не сакаше ниту да посочи некого од социјалдемократите кој, според него, би бил најуспешен во таа тешка битка. Патем, искажа неверување во шпекулациите дека некогашниот градоначалник Ристо Пенов можеби ќе се обиде да се реактивира во градската фотелја.

„Неблагодарно е сега јас да ги советувам кого да кандидираат. Не сум разговарал со Црвенковски на таа тема. Кога би ми посочил, да речеме, тројца можни кандидати, би му го кажал моето мислење. Вака оставам тие самите да си одлучат“, ни рече Георгиевски. Тој деновиве треба првин да се сретне со претс��дателот на ЛДП Андреј Жерновски, кој е на одмор, а потоа и со Црвенковски, кој има „работно лето“, меѓу другото и за да видат како ќе се настапи на завршниот митинг во Скопје на 3 септември.

Како и да е, најавите од ВМРО-Народна за единствени листи претставуваат продолжение на изјавата на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, дадена во автобусот со кој минатиот викенд патуваше за Крива Паланка.

„На овие избори доколку се формираат два силни блока, може да се случи изборите во 80 отсто од општините да завршат во првиот круг“, и' најави Црвенковски на јавноста поедноставување на локалните избори, кои се мошне комплексни, поради различните модели за избор на градоначалници (мнозински во два круга) и на советници (пропорционален во еден круг). Како и поради тоа што резултатите не ретко ги принудуваат на „кохабитација“ властите во една општина, затоа што се случува градоначалникот и мнозинството во советот да бидат од различни политички опции.


Статијата е прочитана 2462 пати.

Испрати коментар



Георгиевски не се откажува од Тодор Александров
Утеха за сиромашните
САД ги поздравија напорите на Македонија во борбата против трговијата со луѓе
Владата ќе исплати 5,5 милиони евра за развој на селата
Македонија повторно ќе извезува автобуси
Доаѓа Бан Ки-мун
Работен викенд на СДСМ во Богданци
Збогум за „Топлификација“, добредојде за „Енергетика“



Весна.С. од Прилеп, 16.07.2012 01:45:41
ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА БОРБА ПОМЕЃУ ДВА ПОЛИТИЧКИ ТИТАНИ ИЛИ ПОМЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО .ВО МАКЕДОНИЈА НА СЕКОИ ИЗБОРИ ПРАВИМЕ ИЗБОР ПОМЕЃУ ЗЛОТО ШТО Е НА ВЛАСТ И ЗЛОТО ШТО Е ВО ОПОЗИЦИЈА И ЗАТОА ПОСЛЕ СЕКОИ ИЗБОРИ ЖИВОТОТ ОВДЕКА СТАНУВА СЕ ПОЛОШ
od ostrijot, 16.07.2012 07:56:43
toa znaci ako opozicijata pobedi lugeto ke znajat stoje dobro a ako zagubi keznajat stoje loso.
ФЕЛИКС, 16.07.2012 08:17:08
После благонадежната автобиографија и појавата на ХТВ на благонадежникот нема два титана.Имаме еден кој ќе ги ужива плодовите од овие две одработки во корист на благонадежно-Шатевска штета. И вториот кој после ваквите рафални упукувања во коалициската нога ќе му требаат Танталови маки да им се објасни на електоратот,,да тази работа сичко не е така,,Шатевци да прават по 3 митинга дневно не можат да го надминат благонадежниот во распостилањето антидржавни и антинационални тези проткаени со преселби.Па така човек би се запрашал дали дотичниот има родбинска врска со Черноевиќи,тие правеле од национални потреби преселби на Србите.Додека благонадежниот има желба да прави преселби од политички мотиви.
Istocna Makedonija, 16.07.2012 09:53:53
Zalosno,no vistinito.na sekoi izbori ima samo edna opcija za glasacot.Ne pomegu dobri,ili losi,tuku po megu losi i pomalku losi.Da se najde pomaloto zlo.
РНД, 16.07.2012 10:39:38
Наместо титани јас би ги нарекол, лопови, лажови, муватори, криминалци, рекетари, мафијаши, и сл....
pretpriemach, 16.07.2012 11:28:04
Opozicijata ke ima zaednicki listi i so toa misli deka ke gi sobere site glasovi od poslednite izbori koi gi osvoija poedinecno partiite vo segasnaniot opziciski blok. Na analiticarite na SDSM im poracuvam da se osvrnat na dva momenta: prvo- Ljubco so svoeto segasno odnesuvanje poveke im steti otkolku koristi (teorijata za Trojanski konj, koja verojatno ne e dogovorena no se slucuva) i vtoro- opozicijata ke nastapuva so zaednicki listi, sto znaci na tie listi ke ima i clenovi na VMRO-NP. E, sega dali nekoj ima evidencija kolku clenovi i sovetnici od VMRO-NP preminale vo VMRO-DPMNE..???.
Морис, 16.07.2012 11:53:59
Нема да излеземе, со задоволство ке оставиме политичарите сами да се изберат оти подоцна сами владеат што има да ги бираме. Овој народ има сикуство наталожено дава доверба, а потоа зато што дал доверба аир не гледа.
Иван, 16.07.2012 11:58:22
Сеуште неможам да поверувам дека во македонија имаме колаиција која беше направена од интерес иако во многу тези не се сложуваат едни со други . Добро знаеме која е таа нејкам да ја именувам . Се трудат да ја бутнат политиката на Никола Г. која е премногу добро водена за овој менталитет на народ во македонија . Иако изборите ке бидат доста интересни , резултатот е видлив . Во овие изминати години видовме кој работи и исполнува , а кој лаже и го крадеше македонскиот народ . Зар незнаеме кој ќе ги добие повторно . Се разбира ДПМНЕ има уште многу да гради и исполнува , а стандардот на македонскиот народ ќе биде се подобар и подобар .
Drle, 16.07.2012 15:34:31
Neznam za koi dva titani stanuva zbor, VMRO na prethodnite lokalni izbori izvojuva nevidena pobeda 100:0 aman vi cinam da bideme realni...
bezanec, 16.07.2012 18:22:58
До феликс дежурниот од дпмне и како него! Ако малку со своја глава размислувате,читате или гледате ТВ вести,но не само на една ТВ куќа,ќе можете малку по трезвено да размислувате. Каде во светот победил политичка човек-партија никаде. Туку да се наоружиме со сопствени размислување,без било на која партија,вера и националност припагаме и на вистината да и погледнеме во очи. Некој рекол„„вистината е болна но да се правиш слеп при вид и да слушаш а да се правиш глув,тоа може само македомчето. Да и дадеме сто дена до шест месеци нема никакво остварување народот на улица и да си одат. Да не биваме толку себични и егоисти,мене ќе ме вработат,па за другиот баш ми е гајле. Каде сте македончиња?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (29)
Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестива��от гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |