Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Македонија
17.10.2012, 17:43

Киднапиран синот на амбасадорот Игор Илиевски

Од МНР немаат став за неговото јавно барање помош и велат дека станува збор за приватно прашање

Слободанка Јовановска


Македонскиот амбасадор во Прага, Игор Илиевски, на невообичаен начин, преку прес-конференција, отвори старателска битка со својата сопруга, која, како што информираше, му го одзела две и полмесечниот син Џон Џејмс Илиевски и не му дозволува никаков контакт.

„Џон Џејмс е македонски дипломат, кој де факто е лишен од правата и можностите за регистрација во Чешка“, изјави Илиевски, обраќајќи се како приватно лице, а не како македонски функционер. Според него, со помош на локална адвокатска канцеларија и со физичко насилство од приватна агенција за обезбедување му бил одземен синот и му било оневозможено да го пријави неговиот престој на чешка територија, а со тоа и да му обезбеди дипломатски документ.

Од МНР вчера немаше став за потегот на амбасадорот, ниту пак информација дали за ваквото јавно барање помош побарал одобрување од неговата матична институција, а уште повеќе дали ја добил. Коментарот беше краток - дека станува збор за негово приватно прашање, со најава дека можеби деновиве ќе кажат нешто повеќе. Илиевски е при крај на мандатот во Чешката Република и во декември треба да се врати во Македонија, односно да му заврши функцијата.

„Се работи за случај од висок ризик по здравјето и сигурноста на малолетно дете, државјанин на Македонија. До неговото пронаоѓање и враќање на македонска територија не сум во состојба да давам какви било дополнителни детали“, изјави вчера за „Утрински весник“ амбасадорот Илиевски. „Прес- конференцијата ја свикав како татко, а не како амбасадор на Македонија и за да ги спречам обидите за фалсификување на неговиот идентитет“, рече тој објаснувајќи дека со сопругата се венчани и дека таа и синот имаат само македонско државјанство, иако таа е со потекло од Шпанија. Според него, соработката со официјалните чешки и македонски органи започнала уште првиот ден и е на високо ниво, во согласност со одличните билатералните односи меѓу двете земји.

„Синот е одземен на територија на правна канцеларија пред еден месец. Негова единствена легална адреса е резиденцијата во Прага. Од тој момент е започната и завршена правната битка за враќање на синот. Очекуваме секој момент да биде лоциран и да биде вратен на неговата легална адреса“, рече Илиески според кого синот нема дипломатски статус не зашто чешките институции одбиваат да го регистрираат, туку затоа што биле спречени во тоа со грабнувањето. На крајот најави дека случајот ќе биде затворен најдоцна до 25 октомври.

За МИА Илиевски изјави дека киднапирањето било направено од приватна фирма. Оттогаш сите повторени обиди да го видам својот син и да ги заштитам неговите човекови права беа неуспешни“, рече Илиевски, кој не го видел синот еден месец и нема никакви информации за него. Телефонот на неговата сопруга, која исто така е македонски државјанин, бил исклучен, а македонскиот амбасадор се плаши дека никогаш повеќе нема да го види своето дете.

Илиевски вели дека ги презел сите правни чекори пред чешките и македонските судови. Чешките судови, прогласувајќи се за ненадлежни, го предале предметот на судовите во Македонија, па тој се обидува да спречи менување на идентитетот на малолетникот. Илиевски претпоставува дека синот се' уште нелегално престојува на територијата на Прага со цел на 25 октомври, кога изминува рокот за легално пријавување, да биде регистриран како хуманитарен случај.

„За сите кои со ’нелегални средства’ го ограничуваа мојот контакт со синот, за сите кои го предизвикаа инцидентот, кои предупредуваа, уценуваа или бараа да не притискам врз проблемот повеќе, сакам да најавам дека синот не може да биде користен како средство за војна со мојата личност“, рече Илиевски.

Негирајќи дека ова има политичка конотација, Илиевски додаде дека неговата сопруга на сличен начин со помош на истата чешка фирма пред девет години ја киднапирала својата прва ќерка од нејзиниот татко, кој бил од Шпанија. Тој побара помош од медиумите и од официјалните чешки органи да може да продолжи во својата должност како татко да ги штити правата на своето малолетно дете. Илиевски смета дека зад чинот на неговата сопруга стојат некои мотиви кои се надева дека доколку заврши целата драма, ќе и' бидат познати на јавноста.


Статијата е прочитана 6007 пати.

Испрати коментар



Ибраими и Хасани спортски херои
Скопјанец заработил 2,5 милиони евра, фармацевт со бруто-плата од 92 илјади евра
Македонски наркогрупи мирно „оперираат“ низ Европа
„Несаканите гости“ од Македонија европски проблем
Анкета - Опаѓа поддршката за „Скопје 2014“



Jas, 17.10.2012 21:12:34
Abe vakvi gluposti i prostotiluk nikade nema! Zamislete, Џон Џејмс е македонски дипломат i pokraj toa sto ima samo 2,5 meseci! Ne znaev deka e mozno da si na taa vozrast diplomat! Nekoj seriozno gi pomesal rabotite vo odnos na pravata koi gi uzivaat diplomatite vo stranski misii i pravata na clenovite na nivnite semejstva! Diplomata funkcija ne e nasledna!!! Barem ne de lege! Sekako, situacijata na teren OCIGLEDNO e poinakva!
Branko, 17.10.2012 22:14:34
Dzon Dzejms Ilievski???? Da ne e Dzesi Dzejms????
Mene, 18.10.2012 02:20:06
Sramota sto se poigruvate so imeto na deteto. A uste poveke sto slucajot go krstivte kindapiranje. Vo toj slucaj kade e obezbeduvanjeto na ambasadorot, kade e cel toj instrument od agenti i cuvari koi nie vo makedonija debelo gi placame. Ako e vo praksa majkata da si go ukrade prvoto dete od tatkoto na takov nacin, zarem ne e nisto novo za gos. Ilievski. Sto toj ocekuval, krusata pagja pod krusa ne pod sliva. Naravoucenie, ako si pomognal za prviot obid da se sluci, neocekuvaj deka nekoj tebe ke ti pomogne. Ti si potpomagac, a sega .......
Gordan, 18.10.2012 02:22:04
E Grujo,Grujo..Da imate ti i tvoite analfabeti dve cuki u glavata,nema da prakate vakvi mutanti za ambasadori,da ne sramotat niz svetot.Za nesreka na (za zal) mal broj pametni lugje vo drzavata, Makedonija nikoj pat nemala volku nizok rejting vo Evropa i vo Svetot.Koga ke se svestime,ke bide kasno.So Glujo i negovite i se e mozno.
od mene od daleku, 18.10.2012 03:02:30
Pocituvaniot ambasador Ilievski ne se izrazil bas najdobro, ili pak e pogresno preneseno, deka negoviot sin e makedonski diplomat. Se raboti za najblizok clen na semejstvo na diplomat, koj gi vklucuva soprugata i decata, koi kako takvi se steknuvaat so pravoto za dobivanje diplomatska viza, odnosno permit pri prestoj vo stranstvo.
Mi, 18.10.2012 04:35:08
Gluposta i glupiranjeto staanaa prepoznatliva odlika na MK diplomati. Prvo vo Avstralija a sega vo Ceska. Licnite problemi na diplomatite ne treba da se mesaat so nivnite drzavni funkcii. Kogo go interesira sto nivnite zeni gi lazat i im gi odzemaat decata!!! Za takvite slucaevi seuste postojat legani sudovi...
miki, 18.10.2012 07:45:23
Го настегаа Министерството за надворешни со дечурлана и сега???? Кој е крив??? Каде е Милошоски???? И тој даде оставка да си го чувал детенцето?????? Јадна Македонијо што си дочека..........и што сега.........пак БРАНКО Е КРИВ???
ФЕЛИКС, 18.10.2012 07:55:52
Независно кој е во право и кој треба да биде старател на малолетниот син од семејството Илиевски по мене немало потреба од прес за приватен семеен проблем.Нека македонските судови одлучат кој ќе биде старател.Инаку jas по се изгледа не ги познава работите,па истапува како што истапува.Секој член на семејството на било кој амбасадор или дипломат во светот има дипломатски статус,не е важна возраста туку моменталната положба.Со престанување на функцијата престанува и статусот.
mene, 18.10.2012 08:56:26
Ako go citas ova drugar, samo da ti dadam eden sovet, ne cekaj i prezemi merki. Ima i drugi agencii.
Monti Pajton, 18.10.2012 08:58:50
Abe mnogu ljubovni problemi ovie nasive ambasadori, majkata. Prvo Pero vo Avstralija, sega tatko mu na Dzon Dzejms. Stvarno vrvni diplomati, sigurno i zemjava ima mnogu air od niv i nivnata sposobnost.
Gargamel, 18.10.2012 09:18:55
Meri im go umot,koj se ja pretstavuva Makedonija,a i mene,vo stranstvo.Djon Dejms Ilievski,majka spanjolka,tatko mlad iskusenkadar,ili nekadar,na VMR-ovcite,koj po uspesno kriminalno zavrsenite partijsko politicki tender kupuvanja na ambasadite na Makedonija vo Viena,Ljubljana,Praga......za sto ima zacuvano dokumenti.Kakva VMR-ovska kombinacija.Deteto od 2,5 meseci go kidnapirala soprugata,vencana,negov izbor,koja i treba da go hrani,doi,ocoveci,a koja veke imala slicen incident so poranesniot soprug.Diplomatsko VMR-ovska papzjanija.Avstralija,Ceska ... se kadar do kadar,se biser do biser.Kako i vo sekoj popstestven sektor i ovde go urundisaa komunjarskoto nivo,dostoinstvo na profesija i profesionalnost.So deca na banja da ne odis,vikase dedo mi,ke ti go izedat sapuno.Ke te obrukat.MAKEDONIJA I SE E MOZNO.A?
Дебелогазец Храбар, 18.10.2012 09:19:51
Неможам да вервам кој се не појде за амбасадор на нашата Република Чмарагвај. Онај во Австралија после разврат и блуд со нашата таму радодајка, се крадеа лаптопи и тамам помисливме дека има таму важни информации на хард дискот - се испостави БЛАНКО. Само провод со народни пари и ништа више. Овој кутриов - татко му на Џеси Џејмс- детето му го зеле. Абе нашиве амбасадори неможат жените да си ги средат-а ние од нив чекаме да ги средат односите со земјите каде не брукаат. Многу жално и непрофесиноално- но что да се очекува од дечиња каде прво работно место во Груевиот маневарски простор им е - Амбасадор ????
kumanovac, 18.10.2012 10:12:42
Ete kakvi lugje prakjame za ambasadori.Chovekot ne si go sredil sopstvenot zivot a ke ne sreduva i ke ne pretstavuva nas kako drzava.Isti beshe i onoj od Avstralija so shvalerkata .Bruka makedonska.Posebno shto e i golem Makedonec pa go krsti i sinot so chisto makedonsko ime .Sekoja chest.
Dijaspora, 18.10.2012 10:35:05
Абе дајте тргнете го Игор од тука. Најголемата срамота во цела Прага е Илиевски. Срам ми е да се кажам дека сум Македонец, сите ми се смеат.
diplomat, 18.10.2012 10:41:45
mnogu cudno. Ako taa osoba bila sklona na kidnapiranje / pred devet godini/ togas zosto ovoj covek-diplomat voopsto se mesal so nea? Dali moze covek so vakvi problemi \ kvaliteeti/ voopsto da bode dobar diplomat ?
Flora, 18.10.2012 11:58:43
Cuvaj Boze i brani! Koj se ne prestavuva nadvor! Vodi li smetka nekoj vo MNR kogo isprakja na tolku vazni funkcii. Ako nekojsi Makedonec mu dal ime na sinot Dzon Dzejms, ponatamu nisto ne treba da se kazuva. Pa uste i drzi presovi i si go bara dvomesecniot sin! Toj li ke go doi, toj li ke mu stava pampersi, ili ima povazni raboti, za koi e platen od drzavata. Ej Boze, kakvi se fukari kaj nas stanuvaat ekselencii! I da e barem samo toj. A onoj vo Avstralija, a onaa vo Hrvatska ( sopstvenicka na starecki dom), sto taa znae od diplomatija?! Zalna Makedonija!
Кирил, 18.10.2012 14:12:55
До ФЕЛИКС. Визниот статус или типот на пасош што го имат сопругата и детето, не ја одредува нивната професија. Дипломатски статус не значи дипломат! Детето на глупердава, исто како и сопругата, имаат дипломатски пасоши, но тоа не ги прави макеоднски дипломати!
Alter, 18.10.2012 14:29:26
Deca so po dvaeset i nesto godini, bez gram rabotno iskustvo, bez troska politicka tezina se prakaat za ambasadori da pretstavuvaat drzava?! Posle nekoj drug ni e kriv sto sluzime za potsmev.
Glasnost, 18.10.2012 15:17:07
A kako negovata sopruga spanjolka stanala makedonski drzavjanin? Kolku vreme bile vo brak? Dali na legalen nacin se stanuva drzavjanin za kuso vreme? Ima eden kup prasanja za koi javnosta ocekuva odgovor. No kako tatko i kako makedonec bi izrazil poddrska sto pobrzo da ja resi ovaa drama iako se slagam so pogore kazanoto deka privatnite problemi na ambasadorite se nivna licna rabota a ne za press konferencii.
Kojco, 18.10.2012 18:41:15
Ministerot Popovski treba da podnese OSTAVKA. Popovski napravi go toa za dobroto na Makedonija, OSMELI SE napravi go prviot cekor!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |