19.10.2012, 15:57 (ФОТО) Љутикова го затвори првиот дел од „Модниот викенд“
Оваа колекција се обидува да ги помести границите на стереотипниот изглед на невестата, претставувајќи ја како самоуверена, зрела, решителна и глобална, нагласувајќи го рафинираниот сексапил
ФОТО: Киро Попов
Крајот на првото „полувреме“ на „Модниот викенд Скопје“ беше сосема во тонот на „Белиот печат“, колекцијата на Елена Љутикова, која беше претставена вчеравечер во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Љутикова со оваа колекција се обидува да ги помести границите на стереотипниот изглед на неве��тата, претставувајќи ја како самоуверена, зрела, решителна и глобална, нагласувајќи го рафинираниот сексапил.
Второто продолжение на „Модниот викенд Скопје 2012“ ќе започне на 24 октомври, со презентацијата „Бизнис-стил“ на Снежана Јаначковска- Богдановска и отворањето на студиото на Никола Ефтимов, а ревиите продолжуваат во салонот на „Ауди Порше - Македонија“.
|