21.10.2012, 11:46 Жито Прилеп подобар од Лундагард
Ракометарките на Жито Прилеп славеа со 31:25 над Лундагард од Шведска во првиот натпревар од второто коло во Купот на куп-победниците
Ракометарките на Жито Прилеп славеа со 31:25 над Лундагард од Шведска во првиот натпревар од второто коло во Купот на куп-победниците пред своите навивачи во салата „Сонце“. Во неа вечера треба да се одигра и возвратниот дуел.
По израмнетата игра во првото полувреме, кое прилепчанки го добија со 13:11, тие ја зголемија разликата во вториот благодарение на тандемот Савица Мркиќ и Тања Шалевска, кои постигнаа по 11 гола! Меѓу само шесте ракометарки на Жито Прилеп шт�� се запишаа во листата на стрелците Аѓулеска погоди четири пати, Нацева и Стојановиќ по два пати и Серафимовска еднаш. Кај Швеѓанките се издвоија Теленмарк со седум погодока и Вал со шест. (Р.Д.) |