22.10.2012, 16:02 Бодигарди ќе обезбедуваат со оружје и дресирани кучиња
Министерството за внатрешни работи изготви нов Предлог-закон за приватно обезбедување
Приватните обезбедувачи со оружје и дресирани кучиња ќе се грижат за безбедноста на објектите за кои се задолжени. Тие отсега ќе имаат одврзани раце и да вршат проверка на идентитетот, да предупредуваат и да забрануваат влез и неовластено снимање и задржување. Ова го предвидува новиот Предлог-закон за приватно обезбедување кој го изготви Министерството за внатрешни работи. Со него се воведуваат измени во постоечкиот Закон за обезбедување на имот и лица донесен во 1999 година.
Со законот точно се утврдува во кои случаи приватното обезбедување ќе може врши преглед на лица, предмети, возила и багаж, но и да употребува физичка сила, гумена палка, средства за врзување лица, спреј и огнено оружје. Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, новиот закон предвидува современ концепт на дејноста приватно обезбедување и се базира на прецизно разграничување на видовите на приватно обезбедување, во вид на услуги и во вид на сопствени потреби, но и условите што треба да бидат исполнети за да се врши определен вид обезбедување.
Со него се утврдуваат нови и повисоки стандарди за начинот и средствата со кои ќе се врши приватно обезбедување. Исто така е планирано и формирање на Центар за обезбедување и надзор како посебна просторија опремена со технички уреди за автоматски прием и обработка на алармни сигнали и информации. Ќе се воведат и високи стандарди за обезбедување транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки.
Со оглед на чувствителноста на средствата за присилба во однос на ограничувањата на човековите права и слободи, употребата на огнено оружје и на дресирано куче, се посебно разработени во законот. Со Предлог-законот се предвидува прецизно да се уреди и изгледот на работната облека на лицата кои вршат приватно обезбедување, ознаките, формирањето, финансирањето на Комората за приватно обезбедување, сите евиденции, заштитата на податоците и информациите, како и надзорот што ќе го врши МВР врз нив. При изработката на законот се користени искуствата од Словенија, Бугарија, Хрватска и други земји.
|
|
Статијата е прочитана 2147 пати.
|
Испрати коментар
|
|
lud petko, 22.10.2012 16:46:45 | Bravo ministerke, tie i bez oruzje bea kako poulaveni bikovi, a sega naradot ke vidi sto e toa div zapad vo zivo.
Cestitki za ovaa prekrasna ideja i se nadevam zakonot super ke pomine |
| skopjanec, 22.10.2012 16:52:56 | Prvo treba da se donese zakon za koj lica mozat da bidat vraboteni kako privatno obezbeduvanje pa posle da se implementiraat vakvi zakoni!! Najgolemite kriminalci, reketari i neobrazovani luge se clenovi na ovie kompanii za obrzbeduvanje na koi sea drzavata im dodeluva i pravo da koristat oruzje,da legitimiraat i da tepaat luge na zakonski nacin!! Vikaat se sluzele so primeri od drugite zemji, dovolno e da poglednat vo nasata zemjka kade mnogu pati se slucuvalo dve razicni kompanii na obezbeduvanje da se tepaat megu sebe, samo sea nema da se tepaat tuku ke se pukaat!! Dobre dojdovte vo Diviot Zapad!!! |
| Jovan, 22.10.2012 20:30:49 | Sramota, idejata na Dosta Dimovska za privatna policija pocna da profunkcionira, Samo znaete li koj se raboti kako obezbeduvaci, tie sto do vcera gi apsevte i dilaa droga sega ke gi naoruzuvate, koj ke plati ako zagine necie nevino dete. Taman pomisliv deka odite po praviot pat me razocaravte. |
| Трпе, 22.10.2012 20:52:13 | Волците се намножија и во нашата државичка.Покрај овој закон,актуелната власт Вардарска долина да ја прекрсти во Долина на Волците.Откако добро се изнатоварија мора да имат и чувари.Нормално е се плашат.На полицијата не им веруват.Криминал си е криминал.Но народот треба да пресуди во кое време се направи најголем грабежи.Радувајте се бедни македонски народе,додека вие живеете за патриотизам, лажните патриоти живеат за своите пари. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 10°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C
|
Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|