Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.10.2012, 20:42
Дијаспората преку фонд ќе инвестира во Македонија



Првите уплати веќе стигнаа - Мајк Зафировски, Џон Битов и други иселеници вложија по 500 илјади долари или повеќе во фондот кој ќе биде јадрото на соработката меѓу дијаспората и Македонија

Дијаспората ќе инвестира во Македонија, но не непосредно, туку преку посебен инвестициски фонд СЕАФ Македонија 1 кој во почетокот ќе изнесува 15 милиони долари. Првите уплати веќе стигнаа - Мајк Зафировски, Џон Битов и други иселеници вложија по 500 илјади долари или повеќе во фондот кој ќе биде јадрото на соработката меѓу дијаспората и Македонија. Менаџирањето на парите му е довер��но на СЕАФ, фонд кој е добро познат во нашата земја и кој им помагаше на многу мали и средни фирми да ја зајакнат својата дејност.

„Во прво време ќе се поддржат од 10 до 14 компании, претежно од земјоделството,  фармацијата,  едукацијата и тренингот“, изјави Хубертус Јан ван дер Варт, извршен директор на СЕАФ, кој ќе го води фондот СЕАФ Македонија 1.

На прашањето на „Утрински весник“ дали овој фонд ќе биде отворен и за инвеститори од Македонија, Варт на прес-конференцијата во петокот вечерта одговори дека очекува свои удели да вложат институции, како што се, на пример, Пензискиот фонд и осигурителните компании, но и поединци доколку фондот ги оцени дека се квалификувани за такво нешто.

Инвестицискиот фонд е конкретниот и највидлив резултат на Глобалниот инвестициски самит што се одржа во Охрид во петокот и во саботата, а на кој македонски бизнисмени и нашинци кои успеале во странство разговараа како да ги зајакнат деловните врски и како дијаспората да ја препознае Македонија како примамлива дестинација за инвестирање во која можат да остварат профит. Според учесниците, собирот целосно ги оправда очекувањата и воспостави линк кој во иднина може да резултира со многубројни успешни бизнис-приказни.

Мајк Зафировски, претседател на Бордот на директори на „Македонија 2025“, која го организираше собирот, истакна дека тој, пред се', е менаџер кој знае да управува со компании, но не и инвеститор. „За тоа постојат специјализирани фондови што ја знаат таа работа“, истакна Зафировски, образложувајќи ја идејата за формирање посебен фонд за инвестирање во нашата земја.

Според него, самитот ги исполни поставените цели - како да се зголеми вклученоста на дијаспората, да се промовира Македонија како посакувана земја за странски инвестиции и да им се помогне на локалните компании да бидат конкурентни. Општа е констатацијата дека никогаш не било подобро време да се инвестира во Македонија, бидејќи земјата нуди квалификувана и евтина работна сила, ниски даноци, макроекономска стабилност...

Македонците од дијаспората секоја година испраќаат по околу 400 милиони долари годишно, но, сепак, голем дел од тие пари одат во лична потрошувачка, а не во инвестиции.

Според првиот човек на скопски „Алкалоид“, Живко Мукаетов, самитот потврди дека е добра можност за градење мостови меѓу бизнисите тука и нашата дијаспора.

„Постои синергија и координација меѓу сите сегменти на општеството за градење подобра македонска економија и мислам дека треба да стане традиција. Од сето ова може да очекуваме додадена вредност во разни сегменти“, истакна Мукаетов. (М.Ј.)

Статијата е прочитана 1901 пати.

Испрати коментар



Македонија ќе почне со преговори ако одобри Советот на ЕУ
Косово врие по средбата на Дачиќ и Тачи
Граната од Сирија погоди здравствен центар во Турција
Опозицијата се обедини во Сојуз за иднината
Бизнис климата се подобрува, но чекаат уште реформи
Старо-ново плато кај Педагошка академија
Романски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Кавадарци
Дорис Пак - ЕУ нема инструменти за враќање на визите
(ФОТО) Груевски - ВМРО е препознатлив код на македонскиот народ
Што ќе содржи српскиот предлог до Иванов
Момче почина туширајќи се во сопствената куќа
Возач усмрти пешак во скопски Бутел
Министерството за транспорт има нова адреса
Државната награда „23 Октомври“ врачена на Георгиевски и Зендели
(ФОТО) Отворена новата зграда на Министерството за надворешни работи
Жени фармери од Косово во посета на ФФРМ
Македонски хакери нападнаа албански владини сајтови
Ивановски на Конгресот за информатичка технологија во Монтреал
Грција до утре мора да постигне договор за мерките за штедење
Честитка од Вељаноски по повод Денот на револуционерната борба
Врачување на државната награда „23 Октомври“
Обама подобар во последниот ТВ-дуел
Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба
Груевски побара поддршка од Монти за датум за преговори
Бодигарди ќе обезбедуваат со оружје и дресирани кучиња
Владата ќе објави нов тендер за Чебрен и Галиште
По шест години, Рубинчо Заревски осуден на условна казна
Внимавајте наместо мед да не купите пченкарен сируп
„Лос Анџелес тајмс“ е за Обама
Тачи му испратил порака на Белград
(ФОТО) Две момчиња тешко повредени во сообраќајка кај Василево
Чингоски и Бошковски се повлекоа од ЕЛЕМ и МЕПСО
Повисоки цени за еуросупер 98 и дизелот
За 390 евра до Дубаи и назад
Месото мора да има декларација
Доживотен затвор за Џихад Џејн
Вториот човек на Ал Каеда на аудио снимка тврди дека е жив
„Купи куќа, купи стан“ и во ноември и декември
Експерти од Норвешка ќе помагаат во спречување на загадувањето во Македонија
Рикер - Западниот Балкан на врвот на приоритетите на Обама
Борло формира нов политички блок во Франција
Од условни казни до 3 години затвор за „Метастаза“
Средба Груевски-Монти во Рим
Потпишан договор за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово
Премиерот Рахој победи во Галиција, сепаратистите славеа во Баскија
Тројца убиени при напад во спа центар во САД
Трета рунда меѓу Обама и Ромни
Навалица во продавниците со користена стока
СДСМ - Спомениците од „Скопје 2014“ да ги чува само полицијата
Зафировски - Никогаш не било подобро да се инвестира во Македонија



Тој што нема да биде финансиран, 20.10.2012 23:38:50
Дијаспората веќе си одбрала кого ќе финансира, оваа конференцијава била само театар. „потенцира дека на почетокот ќе се поддржат 10 до 14 компании, бизниси од областа на земјоделството, фармацијата, едукацијата и тренингот.“ Фала. Пријатно.
doske, 21.10.2012 01:59:01
Do pesimistot pogore. Parite investirani vo Makedonija se investicii. Tie ostanuvaat vo Makedonija i preku direkten ili indirekten pat, site ziteli ke vidat fajde od niv. Toa e Ekonomija. Ti moj projatele, so takviot nacin na razmisluvanje i negativno programiran Jas ne bi ti dal ni 5dolari. Prv i ovnoven uslov za tvojot biznis da uspee e da veruvas vo sebe i vo biznisot sto go vodis.. Glava gore.. i ne go gubi fokusot// Pozdrav..
Jusuf, 21.10.2012 07:02:50
SEga ke moz da prodolzi Skopje 2014. So ovie pari ke moze da se napravat uste dve triumfalni kapii.
Gevgelija, 21.10.2012 10:11:09
Ah tie fondovi... Uste li ovci ima za strizenje?
mitre, 21.10.2012 10:55:55
Море ме плаши да не удрат пак на споменици ??????????
Чудо, 21.10.2012 12:01:33
Да виду па нема да верују! Ќе дадат по пет долари?!Што чекаа досега?
Georgi Volchevski, 21.10.2012 20:55:24
Revolucioneren biznis nastan bez presedan.Samit koj nikogas do sega ne se odrzal na tloto na R. Makedonija.Im blagodaram na domakinot za pokanata i radosen sum deka dadov doprinos vo istiot. Cestitki za organizatorot Mkd 2025

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...
Охрид со развоен план ќе го штити културното наследство
Во проект за интегриран пристап во управување со наследството се вклучени и Венеција, Вилавска Долина - Словенија, Крф, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |