22.10.2012, 09:55 Премиерот Рахој победи во Галиција, сепаратистите славеа во Баскија
Конзервативната Народна партија на шпанскиот премиер Мариано Рахој победи на вчерашните парламентарни избори во автономната област Галиција, кои се сметаат за тест за справувањето со економската криза во земјата.
Народната партија го зголеми апсолутното мнозинство во 74-члениот регионален Парламент на Галиција од 38 на 41 мандат, покажуваат резултатите по пребројувањето на повеќе од 90 отсто од гласовите.
Во друга шпанска автономна област, Баскискиот регион, сепаратистичката Баскиска националистичка партија ги отстрани социјалистите од власта во локалниот Парламент. Сепаратистите победија со 27 мандати во 75-члениот регионален Парламент. Тоа ја зајакнува веројатноста за зголемување на сепаратистичките тенденции во регионот во момент кога Владата во Мадрид се обидува да се справи со сличното такво движење во Каталонија. |