22.10.2012, 12:33 Рикер: Западниот Балкан на врвот на приоритетите на Обама
Западниот Балкан е на врвот на листата приоритети на американскиот претседател Барак оБама, изјави американскиот помошник-државен секретар Филип Рикер.
Тој за сараевскиот весник „Дневни аваз“ истакна дека неговата земја по сите прашања за тој регион има блиска соработка со европските пријатели.
- САД верува дека иднината на регионот е во европските и евроатланските интеграции, при што ниту една земја, која ќе го избере патот на интеграцијата не смее да биде изоставена, нагласи помошникот на Хилари Клинтон. Западниот Балкан поради тоа, додаде Рикер, има светла иднина.
Говорејќи за минатите локални избори во БиХ тој нагласи дека во центарот на вниманието во САД бил изборниот процес во Сребреница.
- Првиот човек на Сребреница ќе мора да работи за цела заедница за да го промовира помирувањето, кое е мошне важна тема за регионот на Балканот, смета Рикер.
- Очекуваме дека ќе го охрабри враќањето на бегалците, ќе обезбеди сигурност за сите граѓани и ќе се фокусира на економските предизвици во Сребреница, додаде Рикер.
|