Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
22.10.2012, 16:33
УЦИ му ги одзеде титулите на Ленс Армстронг



Потврдена и доживотната забрана за настап на 41-годишниот седумкратен победник на Тур де Франс

На Ленс Армстронг му се одземени седумте титули на Тур де Франс и доби доживотна суспензија откако Меѓународната велосипедистичка унија (УЦИ) ги потврди санкциите на Антидопинг агенцијата на САД (УСАДА) против Американецот. Долго очекуваната одлука го соочи велосипедизмот со неговата „најголема криза“ според претседателот на УЦИ, Пет Меквејд, и ја уништи последната надеж на Армстронг да си го исчисти името.

„Ленс Армстронг нема место во велосипедизмот. Ленс Армстронг заслужува да биде заборавен во велосипедизмот“, изјави Меквејд на прес-конференцијата, на која нагласи дека овој спорт, обременет со допинг-проблеми со децении, ќе треба да почне се' од почеток. „УЦИ посакува да тргне напред денеска со потврдата дека нема да се жали до Судот за арбитража во спортот и оти ќе ја признае казната што ја изрече УСАДА. Ми се слоши од тоа што го прочитав во извештајот на УСАДА“.

На 10 октомври УСАДА објави извештај за Армстронг, во кој го обвини сега пензионираниот возач дека бил вмешан во „најсофистицираната, професионализирана и успешна допинг-програма што спортот ја видел кога и да е“. Армстронг (41) претходно избра да не ги оспори обвинувањата од УСАДА, забрзувајќи го нејзиниот предлог за негово казнување зависно од потврдата од УЦИ. Некогашниот колеги на Армстронг во тимовите Ју-Ес постал и Дискавери ченел, каде што тој ги освои своите седум титули на Тур де Франс од 1999 до 2005 година, сведочеа против него и им беа намалени казните од американските власти.

„Не беше така до интервенцијата на федералните агенти. Тие ги повикаа овие возачи, ги ставија своите пиштоли и значки пред нив и им рекоа: ’сега се соочувате со големиот судски совет, на кој морате да му ја кажете вистината‘, по што тие капитулираа“, додаде Меквејд.

Армстронг, со ореолот на еден од најголемите велосипедисти во светот на сите времиња и на борец против ракот што доминираше во овој спорт, постојано негираше дека се допингувал и изјавуваше дека никогаш не паднал на допинг-тест. Тој изјави дека престанал да ги оспорува обвинувањата по долгогодишни гласишта, бидејќи „во животот на секој човек доаѓа момент кога треба да каже: ’Доста е‘“.

Меквејд, кој се соочи со критики од повеќе страни за начинот на кој тој и УЦИ се справија со случајот, изјави дека нема да даде оставка.

„Велосипедизмот има иднина. Не е првпат велосипедизмот да дојде до крстопат и да мора да почне се' отпочеток“, изјави тој во просторијата полна со новинари и со телевизиски камери. „Кога станав претседател во 2005 година, борбата против допингот ја означив како мој приоритет. Ми беше јасно дека во велосипедизмот постои култура на допингување. Велосипедизмот помина долг пат. Немам намера да се повлечам од функцијата претседател на УЦИ. Жал ми е што не го фативме секој проклетник со валкани раце и да го исфрлиме од спортот“.

Други прашања, како можното врачување на титулите на Армстронг од Тур де Франс на друг, како и паричните награди, ќе бидат разгледувани од Менаџерскиот комитет на УЦИ в петок.

Директорот на Тур, Кристијан Придом, смета дека никој од велосипедистите не би требало да ги добие одземените титули, имајќи ја предвид раширеноста на допингот во тоа време, но Меквејд стави до знаење дека одлуката за тоа е во надлежност на УЦИ, а не на организаторот на Тур де Франс.

УСАДА казни петмина вмешани во овој допинг-скандал. Докторите Луис Гарсија дел Морал и Микеле Ферари, како и тренерот Пепе Марти добија доживотни суспензии, а меноторот на Армстронг, Јохан Бринел, реши да оди на арбитража заедно со докторот Педро Селаја.







Статијата е прочитана 686 пати.

Испрати коментар



Армстронг да ги врати парите
Вечното дерби за Антиќ и Олимпијакос
Громогласен аплауз за Илиевски во Љубљана
Вардар про го извлече Магдебург!
Тодоров си замина од клупата на МЗТ Скопје
Вардар про од вториот сад во ждрепката
Челзи го чека пекол во Донецк
(ФОТО) Дивеење на хулиганите во „Морача“
Бронза за Илиевски во Лондон
Металург во мртва трка со Киелце
Фантастичен пресврт на Рома против Џенова
Фалкао го одржа Атлетико во чекор со Барса
Жито Прилеп продолжува во третото коло од КПК
Хоризонт З. е новиот лидер
Јуве е осамен лидер
Трет пораз во низа за МЗТ Скопје
Жито Прилеп подобар од Лундагард
Вардар про помина, Куманово испадна
(ФОТО) Четири од четири за Металург
Победи за водечката тројка во Премиер лигата
Мекејлеб најефикасен во победата на Фенербахче
Клучот за „Грипе“ е во одбраната
Металург по четири од четири
Балотели со награда „Златен тапир“
Без домашна кошарка и овој викенд
Македонија ќе скокне 21 место на ФИФА листата!
Грчки фудбалски клуб спонзориран од проститутки
Пораз на Самарџиски со Литвос Ритас во Евролигата
Иванов - Нашиот тим се вика Република Македонија
Успешно деби на Куманово во БИБЛ
Червар ја спушта топката
Џон Тери нема да се жали на казната за расизмот
Нов пораз на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите
Барса сака да го продолжи договорот на Меси до 2018
Победа за Металург и пораз за Вардар Про во Сеха лигата
Тепачки, хулиганство, насилство пред и по натпреварот со Србија
Камерон бара остри казни за Србија
Самба во Вроцлав
Швеѓаните од 0:4 до 4:4!
Јаневски - Големата желба и борбеност ни донесоа победа
(ФОТО) Ибраими ја донесе првата квалификациска победа
Работнички потпиша со Шарпер
Надал се враќа за Австралија опен
МВР - Мечот Македонија - Србија е од висок ризик
Фетел не размислува за Ферари
Ќе бидат повлечени тужбите против француските ракометари?
Јапонија реагира за нуклеарната шега
Победата над Србија императив
Фетел во Ферари до 2014 година
Реал Мадрид три месеци без Марсело
Михајловиќ - Македонија опасна и без Пандев
Димитров сениорски првак на Македонија
Протест од Златна зора до ФИБА за Македонија
Српски хулигани најавуваат тепачки пред натпреварот Македонија - Србија
Хет-трик на Металург во Лигата на шампионите
Торп се соочувал со убиствена депресија
Втор пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата
Фетел триумфираше во Кореја
Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
(ФОТО) Наивен пораз на Македонија од Хрватска

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...
Охрид со развоен план ќе го штити културното наследство
Во проект за интегриран пристап во управување со наследството се вклучени и Венеција, Вилавска Долина - Словенија, Крф, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |