15.10.2012, 12:03 Српски хулигани најавуваат тепачки пред натпреварот Македонија - Србија
Информацијата ја објави српски „Курир“ повикувајќи се на извори блиски до навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан
Хулигани, навивачи на двата најголеми српски клуба, ќе го искористат гостувањето на националниот тим во Скопје за пресметка со Албанци, објави српски „Курир“ повикувајќи се на извори блиски до навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан.
Околу 300 хулигани познати по правење инциденти ќе тргнат кон Скопје со автомобили и комби возила во сопствена режија со цел, како што велат, да се „пресметаат со скопски Албанци (Шиптари)“.
- Ќе бидеме околу 300, а ќе имаме поддршка и од локални навивачи на Ѕвезда и Партизан. Подготвуваме големо изненадување за Албанците во Скопје. Добро ќе не запаметат, а цел ни е да ги претепаме низ градот. Бидејќи не одиме организирано, мислам дека без проблеми ќе стасаме до Скопје, но и во некои попатни места во кои живеат голем број Албанци, вели еден од белградските хулигани.
Натпреварот во Скопје меѓу Македонија и Србија се игра вечерва во 20.30 часот. |
|
Статијата е прочитана 1458 пати.
|
Испрати коментар
|
|
zrak, 15.10.2012 13:41:51 | srpska rabota-se tresese gorata se rodi glusec,a i kosovo go oslobodija......... |
| Куку Леле, 15.10.2012 14:26:56 | Неможат дома да ги тепаат па ке дојдат кај нас !!! Куку леле што ќотек ќе добијат !!! Па тие појма немаат колку долго вежбаат тепање со нас, сега овие ко кец на десетка ќе им дојадат !!! А да им се придружиме , може ние малку ќе се офајдиме ,поарно не, да не не замаваат од сите страни !!! Па ни криви ни должни пак да го извлечеме подебелиот крај!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Ведро
|
Среда
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|