16.10.2012, 13:29 Јапонија реагира за нуклеарната шега
Голманот Кавашима на ТВ Франс 2 прикажан со четири раце, со коментар „Фукушима ефект“
Јапонија луто одреагира на гестот на водителот на Француската телевизија, кој покажа композитна слика од голманот на јапоинскатра репрезентација Еиџи Кавашима со четири раце и с епошегува со зборовите „Фукушима ефект“. Фалејќи го бранењето на Кавашима во победата на Јапонците над Франција од 1:0 во пријателскиот натпревар одигран во петокот, несолената шега на Лоран Рикие предизвика смеење и аплауз во студиото.
Секретарот на шефот на јапонскиот кабинет, Осаму Фуџимура, ја нарече „несоодветна“ забелешката на Рикие, алузија на нуклеарната криза во Фукушима минатата година. Тој додаде дека амбасадата на Јапонија во Франција испратила протестно писмо до телевизиската станица Франс 2. Во писмото се вели дека забелешката „ги повредува чувствата на луѓето погодени од катастрофата и ги попречува напорите за обнова“, додава Фуџимура.
Нуклеарната катастрофа беше предизвикана од земјотрес со магнитуда од девет степени и резултира со цунами во март минатата година. Повеќе од 15.000 луѓе загинаа, а речиси 3.000 се' уште се водат како исчезнати.
Јапонската министерка за образование Макико Танака, во чија надлежност е и спортот, немаше влакно на јазикот.
„Ако е точно дека тој рекол такво нешто, тогаш тоа е однесување на кое му недостига чувствителност“, изјави таа. „Многу луѓе беа повредени во нуклеарната криза. Не знам како луѓето можат да се шегуваат со тоа“.
|