16.10.2012, 13:53 Ќе бидат повлечени тужбите против француските ракометари?
Адвокатите на Боиновиќ најдоа низа „дупки“ во правилниците на Францускиот ракометен сојуз кои, според нивната процена, ќе доведат до запирање на казнената постапка
Двајцата адвокати кои го застапуваат ракометарот Младен Боиновиќ открија низа процедурални недоследности кои најверојатно ќе доведат до прекин на казнената постапка против ракометарите уапсени поради обложување во Франција.
Информацијата ексклузивно ја објави францускиот магазин Point, повикувајќи се на експертизата на Лука Абраткиевич и Изабела Монсенего, адвокати на Боиновиќ.
Тие најдоа низа „дупки“ во правилниците на Францускиот ракометен сојуз кои, според нивната процена, ќе доведат до запирање на казнената постапка.
Нивниот клиент нема да одговара за „многу тешок прекршок“, бидејќи обложувањето преку интернет, според Дисциплинскиот правилник на ЕЕН, се смета за обичен, односно благ прекршок.
Во Етичкиот кодекс на ФФН, донесен февруари годинава, предвидена е суспензија за спортист комарџија доколку делото е карактеризирано како „тежок прекршок“.
Прашање е што ќе се случи и со останатите играчи на Монпеље, меѓу кои се и браќата Карабатиќ, обвинети за свесно организирана измама.
Магазинот известува дека постои и втора незаконска работа која може да ги спаси, како тоа дека четивото за интернет обложувањето е уфрлено во Етичкиот кодекс дури на 28. јуни, односно 90 дена откако ракометарите наводно манипулирале со резултатот на мечот со Рен.
|