16.10.2012, 14:30 МВР: Мечот Македонија - Србија е од висок ризик
Српскиот фудбалски сојуз известил дека нема да има организирано патување за навивачки групи
Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва ќе бидат преземени посебни безбедносни мерки околу Националната Арена „Филип Втори” поради одигрувањето на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Србија.
Српскиот фудбалски сојуз известил дека нема да има организирано патување за навивачките групи, но поради тоа што се работи за меѓународен натпревар, МВР го третира како натпревар од висок ризик.
Меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, денеска од 12:00 часот е затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова” и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” кон фудбалскиот стадион, и ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.
МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17:00 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.
|